период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.03.2017, 22:33

ЗА СИТЕ ОПЦИИ СE РАЗГОВАРА

СДСМ не негира дека му понудил на Села да биде претседател на Собранието

Социјалдемократскиот сојуз не демантира дека на претседателот на „Алијансата на Албанците“, Зијадин Села, кој изминатите денови излезе со скандалозна изјава во која го негира македонскиот идентитет, му било понудено да биде претседател на Собранието на Република Македонија за време на преговорите меѓу двете партии.

Дека добил таква понуда кажа самиот Села, пред да ја даде скандалозната изјава.

Од партијата за „Дневник“ не негираат дека нивниот лидер Зоран Заев му ја ставил на маса на Села ваквата понуда, ами дека за претседателската функција во Собрание „с` уште разговарале со албанските партии“ . На прашањето дали е во ред прв собраниски човек да биде тој што отворено изјави дека „историски факт што го знае целиот свет е дека со пописот од пред 100 години не постои македонски народ“, од СДСМ кусо одговорија:

- Прашањата за сите кадровски решенија с` уште се отворени, ниту за функцијата претседател на Собранието ниту за другите с` уште не е конечно одлучено, велат од партијата.

Иако директна осуда за потенцијалниот партнер во евентуалната нова влада СДСМ не даде, сепак од партијата велат дека пораката на Заев од пред некој ден, во која повикува да се внимава што се зборува јавно за да не се провоцираат тензии, претставувала своевидна осуда. На новинарско прашање дали му е пријатно воопшто да се ракува со Села по неговите јавно изразени ставови, Заев тогаш одговори:

- Јас на некаков начин секогаш изразувам негодување за изјави кои дали се дадени осмислени или лекомислени провоцираат одреден немир кај граѓаните, без разлика од која страна доаѓаат. Можам да апелирам до сите да внимаваат на изјавите затоа што и така времето во кое живееме е економски тешко, неизвесност има кај секое семејство кај секој граѓанин и дополнителни провокации не му требаат никому. Ние сме граѓани на оваа наша земја. Можеби припаѓаме на различни етнички заедници во Македонија, но токму ние мора да водиме грижа за Република Македонија. Затоа, еве апелирам до сите да внимаваат со изјавите. Во овој период се добредојдени изјави кои ќе н` носат кон сплотување, кон обединување и нормализирање, пред с` на институциите на Република Македонија, за Македонија да може да продолжи да чекори напред, рече Заев.

Извори од „Бихаќска“ за „Дневник“, пак, брифираат оти имало и одделни реакции од членови на СДСМ кои реагирале до раководството поради изјавите на Села, барајќи да се прекинат разговорите со неговата партија.

- Изјавите на Села ~ наштетуваат на стратегијата за состав на идната влада, односно се во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Со ваквите пораки Села покажува дека одработува во корист на спротивната страна, велат нашите извори.

Kритика на адреса на СДСМ стигна и од партијата предводена од Никола Груевски. Во своето последно соопштение ги критикуваат СДСМ и Заев дека не ги осудиле изјавите на Села и оти со тоа ја одобрувале неговата агенда. Во меѓувреме, партијата повтори дека останува на својата принципиелна понуда да му даде поддршка на Заев да формира влада ако СДСМ се откаже од тиранската платформа. Оттаму му порачуваат на Заев „ако толку ја почитува, да излезе на избори со платформата од Тирана како негова изборна програма“.

На ова соопштение стигна писмена реакција од СДСМ, во која порачуваат дека ќе има конститутивна седница, мандат за составување влада и нова реформска влада, која, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ е должна да ја прифати.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Македонија нема да прифати уцени
Го покануваме Хан пред 100.000 луѓе да ја осуди платформата на Еди Рама
Албанците се миленици на Западот оти се подобри вазали
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Patriot Makedonski, 20.03.2017 00:41:31
Na gospodinot Sela dokolku ne mu se dopaga vo Makedonija site svoi prava moze da gi uziva vo albanija. Granicata nee mnogu daleku a I lesno e da e preminesh bez problem. Prashanjeto e zoshto Albanskiot patriot ne si ode doma I tame da go razvee albanskoto zname . Negovite izjavi se bezobrazni zato shto ne nalikuvat na eden obichen ulichar a nie navodno zboruvame zapolitichar.
Babaistarec, 20.03.2017 05:34:30
Ovoj covek i takvite kako nego treba da im se zabrani so zakon da bidat vodaci na bila koja politicka partija ili nivni clenovi, da bidat osudeni i zad resetki. Kade e sega SJO da intervenira?
GOCE SHESHKO, 20.03.2017 07:29:41
Pod nikoja cena VMRO nema da prifati Vlada sostavena od Zaev i Bandata, narocito so Albanskata platforma na RAMA. A ovaj Sela mi izgleda kako Div covek pred 5 iljadi godini, neskolovan, izgleda ja ima zemeno maturata od tetovskiot fakultet.
PRAVEDEN, 20.03.2017 07:47:44
Chovekot po ima Zoran Zaev koj shto e najgrdoto ime vo Republika Makedonija izdajnik kriminalec so tapija povikuva na razum toa shto go rekol Ziedin Sela ne bilo i tolku mnogu losho oti ako poglednesh shto kazal samiot Zaev kako ke jade zivi luge Sela samo kazal ne postojat Makedonci ne go pochituvam Znameto i Himnata no se ushte Sela nemal kazano deka ke jade zivi Makedonci mozebi zatoa Zaev Chovekojadecot na Sela gleda kako na normalen Chovek.
Јорган Планинец, 20.03.2017 09:01:12
Ова е некаде понадвор смислено. На оваа сподоба да и се довери втората по важност функција во државата, Претседателот на Републиката на било каков начин да се оневозможи во вршењето на функцијата, овој да дојде на негово место како Андов на времето и овој да подари мандат на Заев Црноок да почне со размонтирањето на Македонија. Ќе дозволиме ли ова мирно да се случи пред наши очи или ќе им ги извадиме очите? Тоа е прашањето.
Drago, 20.03.2017 09:27:09
na zaev treba da zavrshi narodot znae kojpobedil na izbborite.Ne moze da formira vlada toj shto izgubel kakva vlada ke bide taa GUBITNIChKA pa i ako ja prodadat drzavata togash nikoj nema pravo da kaze zoshto ja ptodavate,pa toj ne pobedil i odgovornosta nema nikakva smisla.Zatoa mislam deka pokasno ako nastane kataklizma jas prv ke bidam i ke kazam bravo podprose choveku koga uspeja da unishtish efen narod.
Најнови вести