период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Култура
Датум: 17.02.2017, 14:50

Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија


Со проекцијата на документарниот филм "76 минути и 15 секунди со Абас Кијаростами" постхумно посветен на еден од најголемите ирански режисери од Сејфула Самадијан вечер во Кинотеката на Македонија ќе започнат Деновите на иранската кинематографија.

Во рамки на манифестацијата, подготвена од Кинотеката на Македонија во соработка со ирански културни институции и со логистичка поддршка на Иранската амбасада во Република Македонија, публиката во следните денови до 21 февруари ќе има можност да види дела од поновата иранска продукција - пет долгометражни филмови и еден краток филм.

Документарецот "76 минути и 15 секунди со Абас Кијаростами" од 2016 година е портрет на Кијаростами, уметник чиј исклучителен пристап кон уметноста и животот го дефинираше како еден од најстрасните воодушевувачки од животот лично.

- Основната цел на овој документарец е да сподели 76 минути и 15 секунди на неоткриени моменти од животот и работата на Абас Кијаростами, во спомен на неговите 76 години и 15 денови креативно патување на Земјата. Кадрите на овој документарец се избрани од стотици часови снимки, снимени за време на 25-годишното другарување, во и надвор од Иран, во различни пригоди: филмски фестивали, фотографски изложби, фотосесии, уметнички настани, работилници и некои единствени моменти на неговиот катадневен живот, се наведува во прилогот за овој документарен филм.

Покрај документарецот за Кијаростами, во рамки на манифестацијата ќе биде прикажан и кусометражниот документарен филм "Однеси ме дома", последниот филм на Кијаростами, од 2016 година, кој беше премиерно прикажан на Фестивалот во Венеција.

На програмата се и филмовите "Риба и мачка" на Шарам Мокри, кој е добитник на повеќе меѓународни признанија меѓу кои и специјална награда на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013 година, "Мелбурн" од Нима Џавиди, "Полудениот топ" на режисерот Аболхасан Даводи и "Денеска" од Реза Миркарими, со кој ќе се заокружи манифестацијата.

По секоја проекција предвидена е дискусија со гости од Иран, а на првата и втората вечер ќе присуствуваат режисерот на "Риба и мачка", Шарам Мокри чиј филм, како и неговата сопруга, сценаристката и режисерка Насим Самани.

Според Мокри, кој е ученик на Кијаростами, иранската кинематографија е она по што Иран е препознатлив денес во светот, покрај она што е негов препознатлив белег, архитектурата и поезијата, а нејзиниот успех се должи на комплексноста во прикажувањето на нештата и постоењето на многу филмски школи.

За Кијаросами, Мокри вели, беше мил, чуден човек, од кого можело многу да се научи за режијата и филмот. Ќе ги памети ставовите на учителот за тоа каков треба да биде пристапот на режисерот во креирањето на делото, за дигиталната камера која овозможила ново раѓање на кинематографија и инсистирањето на значењето на звукот како можеби, вели, позначаен аспект на филмот од фотографијата.

Мокри во моментов работи на постпродукцијата на неговиот нов филм "Инвазија", а најави и можност неговиот следен проект да го снима во Македонија. Веќе разгледал неколку локации за време на престојот во земјава, но, тоа вели ќе зависи и од обезбедување на потребните финансии.

#



Останати вести
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести