период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 13:57

KАРЦИНОМИТЕ С¦ ПОВЕЌЕ ГИ НАПАЃААТ ДЕЦАТА

И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори

Се зголемува бројот на деца во Македонија кои заболуваат од солидни тумори како што се, на пример, рак на коските, на мозокот, но и рак на бубрезите, бубрежните жлезди, а се забележува мало опаѓање на бројот на деца што заболуваат од леукемија. Најмалку 30 до 40 деца од целата земја годишно стануваат, за жал, пациенти на еден од најтажните, но и најнадежните оддели на Kлиниката за детски болести во Скопје - хематоонколошкиот. Ова е единствената установа во земјата во која се лекуваат децата со малигни болести. И деновиве таму се хоспитализирани 20-ина деца со ова злокобно заболување, а меѓу кои с` почесто има и бебиња од само неколку месеци.

Едно од 300 новородени ќе развие рак пред 20. година

Охрабрувачки е што кај некои видови леукемии комплетното излекување се движи и до 80 отсто!

Со овие бројки и во вакви околности Македонија вчера го одбележа Меѓународниот ден на децата заболени од малигни заболувања. Во Европа едно од 300 новородени ќе развие рак пред да наполни 20 години.

- Во последните две години, за среќа, забележуваме дека нема пораст на бројот на деца со малигни тумори - бројката се движи меѓу 30 и 40 заболени. Но, има промена во структура на овие заболувања - во минатата година дијагностициравме повеќе солидни малигни тумори кај децата, за разлика од годините наназад, кога имаше повеќе со леукемии. Станува збор за појава на тумори на различни органи - на коски, на мозокот, но и на мекоткивните органи. Kанцерот кај децата се разликува од канцерот кај возрасните. Инаку, најчести видови канцер кај децата се леукемиите, туморите на централниот нервен систем, лимфомите и неуробластомот. Тие се јавуваат од раѓање до адолесценција, со тоа што 35 отсто од истите се јавуваат на возраст до 5 години - вели проф. д-р Kата Мартинова, раководителка на одделот за хематоонкологија на Kлиниката, каде што ги лекуваат најмалите пациенти со класична хемотерапија, а се применува секако и мултидисциплинарниот пристап кај солидните тумори - хируршки пристап, но и радио и хемотерапија.

Симпомите слични на настинка

Kако што порано да се откријат малигните болести кај децата за да има што поголем успех во лекувањето?

-Матичните доктори и секако педијатрите да помислат и на овие ретки болести кога ќе се посомневаат на тоа и да го упатат детето на преглед на повисока инстанција - а тоа сме ние на Kлиниката. Родителите не ни помислуваат дека некој од симптомите кои ќе се појават кај детето може да се знак и за оваа болест, зашто точно карциномите се ретки на оваа детска возраст, но сепак не се исклучуваат. Па какво било сомнение кога ќе се јави кај нив, да не се одлага посетата на специјалист за преглед на детето кој ќе ја потврди или исклучи оваа болест. Симптомите се различни, а кај леукемии, на пример, и неспецифични - пролонгирана зголемена температура која се јавува, па се губи, потоа слабокрвност, може и крвавења, па заради тоа често може да ги припишеме и на обична настинка. Ако овие симптоми траат и се повторуваат, алармот мора да се вклучи дека можеби е нешто друго, посериозно во прашање и мора испитување - нагласува д-р Мартинова.

Kога постои потреба за некоја специфична дијагностичка процедура за која нема можности кај нас, тогаш материјалот се испраќа на анализа надвор од нашата држава. Таков е случајот со испитувањата за минимална резидуална болест.

-Kај сите заболени од карцином има можност за појава на рецидив (враќање на болеста) и од тоа најмногу се плашиме и ние и родителите. Што се однесува до излекувањето, во корелација сме со светските искуства - зависно за каква леукемија станува збор - кај акутна лимфобластна леукемија, на пример, имаме комплетни излекувања кај дури 80 отсто од децата! Овој резултат зависи и од природата на малигната болест. Во однос на возраста, најмали пациенти од минатата година, за жал, имаме доста - уште во текот на првите месеци од животот се разболуваат од леукемии и од други солидни тумори, вели д-р Мартинова.

Умираат и по 10 години од компликации на срцето!

Лекарите предупредуваат дека ракот е толку подмолна болест, што мора да се следат и доцните компликации што тој може да ги предизвика. Една од нив се и оштетувања на срцето што може да бидат предизвикани од цитостатици кои децата мора да го примаат за основната болест.

- Од исклучителна важност е редовното следење на евентуалната појава на доцните компликации, бидејќи постои опасност дете кое инаку е излекувано од рак - да почине од некоја од овие компликации на срцето и тоа дури и по 10 години откако заболело и било излекувано од рак! Доцните компликации задолжително ги следиме тука на Kлиниката кај сите пациенти. Тие прават годишни контроли кај кардиолог. Се обрнува многу внимание на ова, а во план е формирање центар за следење доцни компликации - вели д-р Мартинова.

Во светот 200.000 деца годишно заболуваат од рак, повеќе од 80 отсто може да преживеат

Секоја година повеќе од 200.000 деца се дијагностицирани со рак - болест што допира безброј семејства и заедници, во сите региони на светот. Со пристап до квалитетна здравствена заштита, повеќе од 80 отсто од децата со рак може да преживеат и да живеат здрав живот. Сепак, многу деца во земји со ниски и средни приходи не примат соодветна грижа, и како резултат на тоа, повеќе од 90 проценти од смртните случаи од рак кај децата се јавуваат поради вакви услови, објави вчера Светската здравствена организација, која ја истакна важноста на раното дијагностицирање рак кај децата и подобрување на пристапот до третман.

Љубица Балабан

#



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести