период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 15:07

Преговорите за Брегзит почнуваат наредната недела

Во наредната недела конечно треба да започнат преговорите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Британскиот министер за Брегзит притоа има намера да се придржува до тврдиот курс. Официјалните преговори за британското напуштање на ЕУ не би можеле да започнат на 19 јуни, бидејќи тоа е истиот датум  на кој владата би требало да ја изложи својата политичка програма во новоизбраниот парламент, изјави денеска министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис (насловна фотографија). Дејвис, чија Конзервативна партија би требало да ја изложи својата политичка програма на 19 јуни, истиот ден кога и кралицата ќе одржи говор во парламентот, изјави дека преговорите за Брегзит би можеле да започнат наредната недела. „Тоа ќе се случи во наредната недела, тоа се првите расправи“, изјави тој за „Скај њуз“, одговарајќи притоа и на прашањето за техничките детали на преговорите. „Мојот постојан секретар е таму, всушност денес е во Брисел за да разговара за деталите. Тоа нема да се случи до наредниот понеделник, бидејќи тогаш е говорот на кралицата и јас ќе морам да зборувам за тоа“, изјави Дејвис. Тој уште истакна дека има намера да остане на најавениот тврд курс во преговорите.

Дејвид Дејвис уште изјави оти европските граѓани не би требало да се грижат за своите идни права и изрази надеж дека договорот ќе се постигне брзо по започнувањето на преговорите за Бергзит. Дејвис рече оти ќе присуствува на деталните расправи за британското напуштање на ЕУ, додека премиерката Тереза Меј ќе има „големи преговори“ со останатите европски лидери.
„Во Британија има луѓе кои се грижат дека не можат да останат тука, има и Британци кои живеат во Шпанија и се грижат оти не можат да останат таму“, изјави Дејвис за ББЦ радио. „Грижите се непотребни, и тие не би требало да ги имаат бидејќи ние сакаме да започнеме со тоа што е можно поскоро“, рече тој. Дејвис, истотака, рече оти финансиските прашања и статусот на Северна Ирска ќе бидат на деневен ред на почетокот на разговорот за Брегзит.
 
Инаку британската премиерка, Тереза Меј, вчеравечер ги именуваше членови на кабинетот во малцинската влада, а меѓу клучните имиња се првиот државен секретар Дамјан Грин, министерот за финансии Филип Хамонд, министерот за надворешни работи Борис Џонсон, министерката за внатрешни работи Амбер Рад, министерот за Брегзит Дејвид Дејвис и министерот за одбрана Мајкл Фелон.

#



Останати вести
Растенијата имаат мозок што им го води животниот циклус
Уште еден локалитет во Македонија покажа дека малтерот е откриен пред Римјаните
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити
Хорор во Скопје: Италијанка силувана од екс љубовникот
(ВИДЕО) Собраниски и владини седници на aлбански јазик
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
Алијансата за Албанците ги именуваше замениците-министри
Kога разговарате со себе, не сте луди, туку си помагате, тврди науката
Столтенберг : Ако Атина се согласи да влезете со ПЈРМ, повелете во НАТО
Десет академски уметници ќе ги сликаат најпознатите песни на Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Ацо Шопов.....
Кети Пери се расплака пред камера
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Советникот Алексовски ги почитувал безбедносните протоколи во однос на разузнавачот Живаљевиќ
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот
Иво Котевски од СЈО барал докази, не ги добил
Македонските фудбалски надежи заминаа за Полска
Вардар во нападот го носи Колумбиецот Алварез
"Лачни Франз" на Скопско лето

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести