период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 19.05.2017, 11:09

Го бодел со нож зетот во болница

Жител на кичевско Горно Строгомиште со нож го избол својот зет, односно сопруг на неговата сестра. Инцидентот се случил во тетовската болница околу 10 часот.

Според информациите од полицијата, А.А. (42) од Зајас и М.Д. (30) од кичевско Горно Строгомиште биле во болницата да ја посетат нивната сопруга, односно сестра. Тогаш братот М.Д. вознемирен од лошата здравствена состојба на сестра си почнал да го обвинува зетот А.А. за тоа, извадил нож и му нанел удобни рани во пределот на левото рамо и левата нога.

Повредениот во сериозна состојба, но надвор од животна опасност е задржан на болничко лекување. Напаѓачот, кој избегал, подоцна сам се пријавил во тетовската полициска станица.

Полицијата во присуство на јавен обвинител извршила увид на местото, ножот и други траги се предадени на вештачење.

Против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство.

#



Останати вести
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот
Нападнатите новинари на А1он повикани во ОЈО да дадат исказ
СЈО поднесе жалба на одлуката за Сеад Кочан
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Кривична пријава за учесник во инцидентите во Собранието кој насилно ја отворал вратата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести