период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 18.05.2017, 13:06

НИKОЈ НЕ ЗНАЕ ДЕФИНИТИВНО ДАЛИ ЌЕ ИМА ТЕСТИРАЊЕ

Ветувањата на СДСМ за екстерното ги трауматизираа учениците

Ветувањето на СДСМ за укинување на екстерното тестирање создаде трауми кај учениците, родителите и наставниците и никој не може со сигурност да потврди дали тоа ќе се одржи. Некои од наставниците во основните училишта веќе почнале со учениците да ги вежбаат прашањата за екстерно, објавени на интернет-страницата на Министерството за образование. Годинава веќе никој ниту бара ниту нуди одговорени прашања по социјалните мрежи.

И во фотокопирниците, кои минатата година во овој период имаа печатени скрипти со прашања и одговори за сите предмети што се полагаат на екстерно, годинава не се подготвени, велат ќе чекаат до последен момент.

Од Министерството за образование е невозможно да се добие одговор што да прават учениците, освен што се доведени во состојба да пресметуваат за колку дена ќе има нова влада и дали ќе бидат доволно брзи да го укинат тестирањето.

Мандаторот Зоран Заев вчера рече дека во однос на укинувањето на екстерното тестирање со кое се опфатени учениците од основното и средното образование, стои на даденото ветување пред граѓаните и оти се верува дека екстерниот испит ќе биде укинат.

- Ние ветивме укинување на екстерното тестирање, тоа ќе биде само уште една причина да побрзаме со формирање на владата, зашто искрено и длабоко во нашите политички концепти веруваме дека овој механизам на екстерно тестирање навистина предизвикува траума најмногу кај децата, со тоа и кај нивните родители и нивните наставници - рече Заев.

Според него, екстерното тестирање во својата досегашна форма било неуспешно и мора да се отфрли.

- Македонија мора да има корективи на испорачување знаење што е вредно за нашите деца, но овој експеримент што беше досега имплементиран се покажа дека не е добар, и затоа се надевам дека пред првиот испит ќе можеме со одлуки или со закон да го отстраниме како можност, секако надевајќи се дека до тој рок ќе има влада - додаде Заев.

До вчера никој од институциите не даде образложение дали децата што ќе го пропуштат првиот испитен рок во јуни, ќе полагаат во август или воопшто нема да полагаат.

Од Министерството за образование, неофицијално велат дека не е толку едноставно да се донесе решение кој ќе полага екстерно и во кој термин, а кој нема.

- Само учениците што се сериозно болни или се на некој меѓународен натпревар може да одложат полагање од јуни за август. Но, сега со последниве политички случувања никој не може да каже што точно ќе се случува со екстерното полагање годинава - велат за „Дневник“ извори од Министерството за образование и наука.

Екстерното тестирање, според предвидените законски рокови, треба да почне на почетокот од јуни.

МариЈа Тасев

#



Останати вести
СДСМ во Собранието ќе поднесе предлог за укинување на екстерното тестирање
Вал Kилмер го победил ракот со духовни методи
Кочан ќе остави гаранција од 875.000 евра во движен и недвижен имот
Али Ахмети: Се надевам дека брзо ќе се договори Влада, преговорите започнуваат утре
Антиќ од утре на својот четврти завршен турнир во Евролигата
Светска премиера на „Ептен македонско“ на Симон Трпчески
Субвенционирањето започна, исплатени околу 8 милиони евра за 2015 и 2016-та
Хотелите во Грција летово поскапи до 30 отсто, апартманите по иста цена
Без знаење на сопругата го зел четиригодишниот син и си заминал во странство
Фамилијата на Сет Рич тврди дека тој немал врска со имејловите што ги објави „Викиликс“
Здравко Чолиќ го освои и Нов Зеланд
Шишкарев го продолжи договорот со Вардар
Силјан и Смилевски со нови книги одбележаа 50 години пријателство и соработка
Имаше соработка со Сорос, но на помало ниво отколку што некои сметаат
Ќе се постават тактилни патеки кои ќе предупредуваат на пречки
Излез за деблокирање на општините ќе се бара и во паралелни седници?
(ВИДЕО) Почина Крис Корнел
Штербик: Треба да ги најдеме слабостите на Барса ако ги има
Николиќ: Не ми се напушта Скопје, сакам да играме мајсторка
Одложено судењето против деветмина обвинети за насилство во Собранието
Пијанец ќе произведува еколошки мед
Првпат во Македонската филхармонија - музика од најпопуларните видеоигри во светот
За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5.000 долари
Џеј Зи и Бијонсе и официјално - милијардери
Пелистер освојувач на купот, ја совлада Шкендија во финалето на пенали
Иванов треба да се сретне со Путин при посетата на Москва
Германското МНР до македонските политичари: Во иднина повеќе да нема политички интриги, Македонците тоа не го заслужуваат
Заев: Прво ќе се сретнеме со ДУИ, па БЕСА и на крај со Алијансата
Тиранска платформа постоеше и гаранциите што ги барав се оправдани
Бандерас и Болдвин ќе ги глумат Ламборџини и Ферари
Во Македонија има еден милион профили на „Фејсбук“
Стап­ка­та на нев­ра­бо­те­ност во Бу­га­ри­ја 6,9 от­сто
САД: Првиот чекор за излез од кризата е направен
Лани помалку и бракови и разводи
И Лестер во листата клубови заинтересирани за Алиоски
Скопјанецот од Дебар Маало што со секира отепа куче ќе одговара за мачење животни
Џафери даде исказ пред ЈОРМ за настаните од 27 април во Собранието
МКФ го одбра Џордан Теодор да и помага на македонската репрезентација
Црвените линии на Иванов ја срушија Тиранската платформа
Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев
Почнува 70. јубилејно издание на Канскиот филмски фестивал
Прелетав половина планета за да присуствувам на раѓањето на првото внуче
Гимназијалец од „Корчагин“ претепал врсник
Мезиер предизвика дебата за идентитетот со наслов „Не сме бурка“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести