период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 09:07

РАKОМЕТ - МАKЕДОНИЈА ОТПАТУВА НА ЗАВРШНИЦАТА ОД СП ВО ФРАНЦИЈА

Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза

Македонската ракометна репрезентација денеска треба да пристигне во Мец, Франција, каде што од четврток со мечот против Тунис ги започнува настапите на завршницата од Светското првенство 2017. Пред заминување на својот петти мундијалски настап, дел од македонскиот тимот ги искажа своите очекувања на завршницата во Франција со доза претпазливост.

- Подготвени патуваме на ова СП, без никаков притисок. Ќе ја играме нашата игра за да оствариме поволен резултат. Цел ни е да ја поминеме групата. Не треба да чувствуваме притисок, посебно ние поискусните. Тука се и помладите играчи кои треба да ни дадат свежина и на нас постарите. Стартуваме со Тунис, кој ни е стар должник од олимписките квалификации. Па има тука и мотив повеќе добро да стартуваме на ова првенство - смета повратникот во државниот тим, искусниот Филип Миркуловски.

Македонија предводена од клупата од трофејниот хрватски стратег Лино Червар на ова СП ќе настапи со тим кој е комбинација на искуство и младост.

- Долго време се подготвувавме за овој голем настан. Максимално го искористивме времето, иако имавме отсуства од важни играчи кои настапуваат во Германија. Најважно е дека сме здрави, физички, психички и тактички добро подготвени. Во мирна и позитивна атмосфера, со голем ентузијазам за надигрување ќе одиме во Мец. Имаме промени во играта, ќе се приспособуваме според противникот. Македонија е желна за ракомет, ние работиме вредно за да овозможиме уживање. Треба пред СП да се биде претпазлив во секоја изјава за амбициите. Ова е една нова Македонија - смета капитенот Kирил Лазаров, кој треба да биде и на оваа завршница предводникот на подмладениот состав.

- Желбата на репрезентативците да дадат многу за својот тим е голема. Секој играч даде максимум на подготовките. Полека создаваме нова репрезентација која сонува да настапи на Олимписките игри. Тоа не е можно преку ноќ. Можеби до некаде е добро што не сметаат за аутсајдери во Франција, но ние нема да излеземе со бело знаме и да се предадеме на теренот. Ќе се бориме до последен момент, тоа е само по себе победа. Доколку оствариме добар резултат тоа ќе биде дополнително добро - порача селекторот Лино Червар.

Македонија на СП во Франција е во група со Шпанија, Исланд, Словенија, Тунис и Ангола, а четирите најдобропласирани селекции од групната фаза обезбедуваат настап во осмина-финалето.

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести