период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 11.01.2017, 15:36

По два месеци истрагата утврди: работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел

Работникот Јонче С. (39) од Kрива Паланка, кој пред два месеца загина во одрон на земја, настрадал поради негрижа на фирмата во која работел, утврдила истрагата на полицијата.

Од МВР информираат дека против друштвото за производство, инженеринг, услуги и трговија „Kонструктор Рената“ од Скопје е поднесена кривична пријава за непреземање мерки за заштита при работа. За истото дело пријава заработил и сопственикот Р.И.(58) од Скопје.

Несреќата се случила на 20 ноември околу 13.50 часот, на улицата Димитар Влахов во село Смојмирово. Неколкумина вработени во фирмата изведувале градежни работи, односно поставувале канализациска инсталација во селото. Тројца работници биле во необезбеден земјен ров длабок од 3 до 4 метри. Во еден момент дошло до одрон на поголема количина земја, која целосно го затрупала работникот Јонче С., кој починал на самото место.

Според МВР, од истрагата било утврдено дека фирмата и сопственикот не се придржувале кон прописите и мерките за заштита при работа со непоставување заштитни уреди, поради што како последица била предизвикана смрт на работникот.

#



Останати вести
Две деца од Гостивар и Кичево починале од грип
Работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
Kамионџија ќе одговара за смрт на пешак, шест месеци откако го прегази возејќи рикверц

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести