период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 09.06.2017, 22:16

ГОРАН БИЛБИЛОВСKИ - ТРKАЧ KОЈ ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ

Деликатес е да трчаш и да си го сакаш градот

Горан Билбиловски го знаат сите што пазаруваат во маркетите „Тинекс“, но дека не е обичен продавач на деликатеси се гледа уште на прв поглед. Секогаш насмеан знае да раскаже приказна за секој кашкавал од Франција, на секоја пршута од Италија. Но, тој вели дека како продавач лесно го шири кругот на пријатели на спонтан начин, но со својата вистинска пасија, трчањето, го запознава нашиот град.

Вели дека е лесно да се запознае човек: му приоѓаш, се запознаваш, разменуваш по некој збор, ќе отвориш душа. Но, за еден тркач е важно да го запознае својот град, а тоа е можно само кога ќе ја претрча секоја педа од него, кога со табаните ќе ги изгази улиците, а со очите лесно, од блиска перспектива, ќе ја сними секоја куќа или дуќан. Така вели Горан, кој на своите четириесет години не престанува да трча.

- Не можам да се пофалам со успех дека од 200 тркачи јас сум стигнал прв, можеби само ако се тркам со дел од пријателите. Но за мене е успех што на петкилометарската трка, од вкупно 3.600 тркачи, јас стигнав на 338 место, а на трката „Прв до врв“ од вкупно 298 тркачи, јас бев 138-ми. Учествувам секоја година на разни трки. Но, најмногу сакам кога трчам низ град. Не знаеме колку сме богати, со ваков град на река. Скопјани, искрено, признајте, колкумина од вас ги користи градите на градот? Дали трчаме низ градскиот парк? - се прашува Горан.

Тој вели дека треба да го вдишиме Скопје во спортски дух, и да не се дозволи вака убав град и убави луѓе да дишат издувни гасови.

Вели потрчајте, отрчајте, разгледајте, милувајте го со очи својот град.

- Kога сум на трка, не можам да престанам да се радувам на таа река од луѓе, која како некоја ерупција на вулкан, носи со себе огромна енергија и вдахнува врелина, им дава брзина на луѓето, на тркачите, ги спојува иста мисла. Да истрачаат што повеќе, што побргу, до последен здив, без страв од пропаѓање, болка, смрт или неуспех. Обичните аматери - џогери, всушност, имаат „лавовско срце“, бидејќи тие трчаат до последната капка пот, до последен атом на силата за да се збогатат себе, но без материјална корист. Сакате да ѕирнете во душата на тркач? Е тркачите се посебен сој луѓе. Сигурно многумина се прашуваат што е тоа што го придвижува еден тркач, без пари и награда да се дигне, да тргне во така силен психофоизички напор. Невидлив змеј е потсвеста, која оживува и прозборува за време на трчањето. Илјада мисли, како филм во боја, пролетуваат и се излеваат во мојата глава, додека табанам по асфалтот. Kој не може да си најде лек за душа, нека трча. Трчањето е психотерапија - вели Горан.

Тој додава дека на 40 години организмот веќе пронашол начин како може да троши најмалку енергија за оптимален резултат. Мускулите ја губат еластичноста, а сето тоа им оди во прилог како изговор на оние што се мрзливи, вели тој, но ако некој тренира напорно цела година, не може да нема успех.

- Годините се ништо ако духот е млад, а искуството од претходниот полумаратон сега ми се како подготовка. Да трчаш е еднакво на да живееш. Ако добро се испланира трката, стигнуваш успешно на цел, без ризик. Kога трчам, не мислам на тоа дека ќе ми застане срце, дека ќе колабирам. Не прифаќам човек во мои години, да седи дома, туку да ака по улици. Постојано си повторувам, дека барем еден ден во животот нека е за паметење. Трчањето е спорт со кој може сите да се занимаваат, бидејќи основната техника на сите им е позната. Вежбаме од моментот кога ќе проодиме. Трчањето е најприроден и најздрав спорт, а со него може да се занимаваме во кои било години. Неопходно е минимум техничка опрема, патики на пример, оптимум добра волја и максимум внимание во пристапот на тренинг и трките, така јас живеам - вели Горан, кој од трчањето и животот прави вистински деликатес.

Марија Тасев

 

#



Останати вести
Kомпаниите ни ги врбуваат студентите уште од втората година
Kатарски гамбит за иранска завршница
Нека спортуваат децата, тоа е најдобар лек за коските
Дедо Ное од Алјаска ќе ги спаси Македонците!?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести