период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 09.01.2017, 17:24

Тетовка грабната од поранешното момче

Жител од тетовското село Жеровјане заканувајќи се со пиштол ја грабнал поранешната девојка, ја качил во автомобил и се обидел да ја однесе во селото Чајле, но по пат бил фатен од полицијата.

Полицијата против С.Д. (40) поднела кривична пријава за грабнување.

Истрагата утврдила дека С.Д. во четвртокот околу 23.30 часот, со автомобил дошол на улицата Живко Брајкоски во Гостивар и се паркирал пред ресторанот во кој била неговата поранешна девојката од Тетово во друштво со својот пријател Р.Б..

Kога девојката и момчето излегле од ресторанот, С.Д. се доближил до возилото во кое била девојката и заканувајќи им се на двајцата дека има пиштол, насила го извадил Р.Б. од автомобилот и потоа тој седнал на возачкото место. Заканувајќи ~ се на девојката ~ наредил да остане во возилото по што се упатиле кон селото Чајле.

Додека возел и се заканувал дека ќе ја убие, а двапати ја удрил со рака по лицето.

Kога стасале во селото Чајле, полицијата го запрела автомобилот, а девојката кажала дека е грбната, по што киднаперот бил уапсен.

#



Останати вести
Притвор за таткото што ја силувал 12-годишната ќерка
Малолетен илегалец прободен со нож
Вооружени разбојници ограбиле обложувачница
Условен затвор за инспектор и началник фатени со лажни професорски дипломи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести