период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 11:58

Намалени трошоците на живот и цените на мало

Трошоците на животот во декември лани се намалиле 0,1 отсто, а цените на мало останале на исто ниво во однос на претходниот месец. Трошоците на животот и цените на мало, пак, во 2016 година бележат намалување од 0,2 отсто во споредба со претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година намалување на трошоците на живот е забележано во групите: храна и безалкохолни пијалаци и здравје - 0,4 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици - 0,2 и мебел, покуќнина и одржување на покуќнината - 0,1 отсто. Пораст има во групите: рекреација и култура - 1,2 отсто, транспорт - 0,5, облека и обувки и останати стоки и услуги - 0,2 и ресторани и хотели - 0,1 процент. На ниво од претходната година се групите: домување, вода, електрика, гас и други горива, комуникации и образование.

Намалување на цените на мало има кај земјоделските производи - 0,8 отсто, услуги - 0,3 и пијалаци - 0,2 отсто. Пораст е забележан кај индустриско-непрехранбени производи - 0,3 отсто, групата индустриски прехранбени производи е на ниво од претходната година.

Трошоците на живот во декември лани во споредба со декември 2015 година забележа намалување од 0,2 отсто, а кај цените на мало има пораст од 0,1 отсто.

Kај трошоците на живот во декември 2016 година во однос на претходниот месец има намалување од 0,1 отсто, што е резултат на пониските цени на овошјето од 5,9 проценти, рибата и морските плодови и млекото - 0,8, другите прехранбени производи - 0,7, алкохолните пијалаци - 0,6, зеленчукот - 0,5, оризот - 0,4 и безалкохолните пијалаци - 0,2 отсто. Намалување е забележано и кај авионскиот превоз на патници - 6,5 отсто, средствата за чистење и одржување на станот - 0,4, услугите за рекреација и спорт - 0,3 и лековите - 0,2 отсто. Пораст има кај другите пекарски производи - 1,2 процент и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи - 0,6 проценти, како и кај туристичките пакет-аранжмани - 4,8 проценти, информатичката опрема - 2,7, течните горива за домаќинствата - 2,5, течните горива и мазива - 1,4, гасот за домаќинствата - 0,9, електричните апарати - мали за домаќинствата - 0,4, облеката, услугите и предметите за лична хигиена - 0,3 проценти.

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести