период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 09.06.2017, 22:20

KоЈа е заднината на ненадеЈната блокада на заливското кралство

Kатарски гамбит за иранска завршница

Сега е веќе прејасно: експресната блокада на Kатар, која се случи во понеделниот кога шест или седум држави (како да е важен бројот) го ставија под мраз копнениот, водниот и воздушен сообраќај кон малото, но екстремно богато заливско кралство, било само ново шаховско отворање на блискоисточната шаховска табла. Терористичкиот напад во иранскиот парламент и нападот на мавзолејот на одамна починатиот Хомеини покажаа дека кралството Kатар требало да одигра само улога на жртвуван пион во играта каде што централна цел е - матирање на Иран. Официјален Техеран, со пристојно задоцнување, ги осуди нападите како дело на Исламската држава откако и централата на оваа нејасна терористичко-платеничка збирштина без јасна идеологија се самопрогласи за одговорна за нападите што резултираа со 12 жртви. Би рекле сега веќе ништо не може да го врати назад процесот од радикализирање на ситуацијата за која некои велат дека води кон отворање нова заливска војна насочена против Иран, кој по последниот реизбор на иранскиот шеф на државата Рохани покажа дека функционира како стабилна држава. А внатрешната стабилност рефлектира силна надворешна политика.

Јавна тајна е дека новата администрација во Вашингтон, ни пред ни постизборно, не покажа симпатии кон историскиот договор постигнат со Иран во 2015, со кој беа оневозможени наводните нуклеарни амбиции на Иран. Уште повеќе зашто овој договор на деценијата му овозможи на Техеран големо враќање на големата политичка сцена како фактор на Блискиот Исток, дебело маргинализиран уште од 1979 година, и на големата исламска револуција на ајатолахот Хомеини, и позиционирање на берзите како еден од енергетските магнати кои и како може да влијаат на светската економија. Таквото нарушување на тасовите на вагата ги доведе под прашање плановите за ребрендирање на Блискиот Исток по западен терк и милијардите фрлени во анимирање на револуционерното будење наречено Арапска пролет. Со Иран, како повратник од дипломатски егзил и голем шиитски играч кој не игра по плановите скроени во една петоаголна градба, потребна е нова стратегија која ќе го врати с` уште умислениот светски полицаец на блискоисточната крстосница откако полека ја губи улогата на демократски сообраќаец, особено во Сирија...

Оттаму, сега станува јасно зошто токму сега и токму така се случи блокадата на Kатар за која експертите велат дека евентуална експлозија на сегашната дипломатска нетрпеливост може да доведе до воен конфликт. Иранските медиуми цинично забележаа дека катарската блокада дојде две недели по посетата на Доналд Трамп на Блискиот Исток, по „ноќта на мечевите“, каде што американскиот претседател беше учесник на традиционален танц на кој се појави и овој „фолклорен реквизит“ и на исто толкаво временско растојание откако Саудиска Арабија потпиша трговски мегадоговор тежок 110 милијарди долари за купување американско оружје. „Добро е да се види дека посетата на Саудиска Арабија, состанокот со кралот и со 50 земји се исплатеше. Рекоа дека ќе заземат цврст став кон финансирањето на екстремизмот, а се укажуваше на Kатар. Можеби ова е почеток на крајот на хоророт на тероризмот - напиша Трамп на „Твитер“.

Дали Трамп му даде право и дополнителен мотив на саудискиот крал Салман да се наметне како фактор во Заливот или конзервативниот заостанат недемократски режим во Ријад помисли дека сега е моментот Саудиска Арабија да покаже кој е доминантниот на Блискиот Исток и со влијателен пријател на Запад наспроти традиционалниот непријател Техеран.

Без намера да копаме по архивите, доволно е да потсетиме на една изјава на саудискиот заменик-принц Мохамед бин Салман Ал Сауд, кој во едно интервју ја отфрли можноста за каков било дијалог со Иран, со контра прашање - како би можело да се постигне разбирање со земја која е базирана на екстремистичката идеологија и во кое најави дека Саудиска Арабија мора да ја преземе контролата над муслиманскиот свет. Ал Сауд, кој ја извршува функцијата министер за одбрана на својата земја, уште додаде дека нема да чекаме војната да се води на саудиска територија. Ќе водиме сметка војната да се води во Иран, а не во Саудиска Арабија. Во интервјуто за саудиски ТВ-канал на 2 мај тој уште додаде дека претседателот Обама пропушти многу можности за да се направат значајни промени во Сирија. Kаде што, би додале, ИСИС, за која велат дека има отворена саудиска жиро-сметка, губи на сите фронтови.

Затоа, Kатар и неговите спонзорства за тероризам во најмала рака беа исмеани од познавачи на условите кои тврдат дека барем шест децении Саудиска Арабија е таа која стои зад терористички групации од секаков производ плус дебело финансира во ширење на насилниот ислам преку инвестирање во џамии, институти и кадри во светот. Саудискиот извик „држте го крадецот“ на сметка на Kатар, кој наводно спонзорира тероризам, е медиумска драма слична на оние кога Садам наводно правеше непостојно оружје за масовно уништување, што беше искористено за интервенцијата за која знаеме како заврши. Ако се гледаме големата слика, Kатар е само трагична фигура во целата ситуација која нема врска со наводните изјави на катарскиот принц кој јавно ги поддржал Иран и Израел, што ги возбуди околните арапски кралства емирати и другите во рок од 24 часа да го стават во карантин „режимот од Доха“.

Големата слика покажува дека посетата на Трамп и тешкиот договор вреден милијарди беа повод за блокадата на Kатар, но причините се длабоко економски.

Само како потсетување: случајно Kатар е сопственик на најбогатиот природен извор на гас на светот кој се наоѓа во Персискиот Залив, што го споделува со Иран. „Таму каде што има економски интерес, нема политика“, максимата не е сварлива за заливските држави кога се во прашање катарско-иранските односи кои на емирот од Доха му даваат простор за малку послободно водење надворешна политика. Саудиска Арабија или Ријад бараат Kатар да биде ортодоксен поддржувач на антииранската линија и политика, социјалец кој профитот од евтиниот енергент ќе го дели со арапските соседи и собраќа, помлад роднина и вазал на саудискиот крал Салман. Дали посетата на Трамп ги засили овие очекувања на Ријад е големо прашање, но радоста во твитот на Трамп дека по посетата на Блискиот Исток добил назнаки дека тероризмот бил спонзорирал од Kатар е многу индикативна.

Паралелно со теориите на заговор кои не се откажуваа дека зад секоја ситуација на Блискиот Исток секогаш стои енергент. Во случајот на Kатар оние 43 трилиони кубни метри природен гас што ги црпи од лежиштето кое го дели со соседен Иран му овозможуваат дневен извоз од 57 милиони кубни метри гас и не сака да ги дели со заливските соседи. Дали Саудиска Арабија и еден прекуокеански стратешки партнер имаат интерес и во оваа богата сфера е прашање за кое не треба одговор.

Димитар Чулев

 

Пиратите од Арабија

Лидерите на Саудиска Арабија имаат намера да го сведат Kатар на потчинет сателит на Ријад и да го доведат во ситуација на сервилна зависност како што е сегашната влада во Јемен, објаснува Али Ал-Ахмед од Институтот, кој ги проучува состојбите и надворешната политика на земјите од Заливот.

- Саудијците имаат две цели: да го стават Kатар во подреден однос кој може да се спореди со ропски статус. Второ, Саудијците фрлија око на масивните резерви на гас со кои располага Kатар и на резервите кеш - вели тој.

Сегашното саудиско раководство се враќа на практиката на грабеж и пиратерија со кои таткото на нацијата, кралот Абделазиз Ибн Сауд, го создаде пустинското царство пред пред повеќе од еден век.

„Тие (Саудијците) беа пустински јавачи и ограбувачи, тие беа пустински пирати. Сега ним повторно очајно им се потребни пари“, вели Ал Ахмад.

Претседателот Доналд Трамп им стави јасно до знаење на Саудијците дека очекува од нив да им плаќаат далеку поголеми суми директно и индиректно на САД за финансирање на нивната одбрана, со што се зголеми и фискалниот товар на Ријад. На Саудијците им се потребни пари веднаш, а таква инфузија може да добијат доколку на кој било начин стигнат до катарските извори на гас, на што најмногу се должат 353-те милијарди годишен национален бруто-доход на малото кралство.

Саудијците се решени да имаат водечка улога во Kатар, кој треба да биде целосно политички, дипломатски и економски потчинет на Ријад.

#



Останати вести
Kомпаниите ни ги врбуваат студентите уште од втората година
Нека спортуваат децата, тоа е најдобар лек за коските
Деликатес е да трчаш и да си го сакаш градот
Дедо Ное од Алјаска ќе ги спаси Македонците!?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести