период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 20.04.2017, 16:10

РАKОМЕТ - НОВИОТ МАKЕДОНСKИ СЕЛЕKТОР ГО ОБЈАВИ СПИСОKОТ ЗА МЕЧЕВИТЕ СО ИСЛАНД

Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак

Во ракометната репрезентацијата на Македонија за квалификациските мечеви за ЕП 2018 против Исланд, новиот селектор, шпанскиот стратег Раул Гонзалес, во составот ги врати голманот Борко Ристовски, Ацо Јоноски и Немања Прибак. Тие го загубија репрезентативниот статус во македонската селекција на мундијалот во Франција кога селектор беше хрватскиот стратег Лино Червар, кој најави подмладување на составот. Гонзалес одлучи да ги вброи овие тројца искусни кандидати во поширокиот список од 28 ракометари, од кои ќе ги избира играчите што ќе настапат на дуелите против Исланд во квалификацискиот двомеч што, ќе се игра на 4 и 7 мај. За потсетување, Червар го избриша Ристовски затоа што наводно беше емотивно исцрпен, а Јоноски и Прибак одлучи дека не му требаат.

Во екипата, како што сега изгледа, ќе нема поголеми промени. ’Рбетот на репрезентацијата ќе биде од играчите што и досега го носеа товарот. Гонзалес не ги вброи само Благојче Трајковски и Стефан Дрогришки, но во составот сега се наоѓа и Филип Kузмановски, кој беше повреден во претходните неколку мечеви.

Јасно е дека ќе има дополнително кратење на екипата затоа што од овие ракометари Раул Гонзалес ќе мора да се селектира 16 кандидати за натпреварите. Веројатно ќе работи со 18 до 20 ракометари на подготовките. Само за потсетување, првиот натпревар од двомечот со Исланд ќе се игра на 4 мај во Скопје, а реваншот е закажан за 7 мај во Рејкјавик.

Македонија е во група со Исланд, Чешка и во Украина и моментно сите четири селекции имаат по два бода, односно по една победа. Македонија ја совлада дома Украина, а изгуби на гостувањето во Чешка. Покрај мечевите со Исланд, Македонија ќе игра и со Украина на гости на 13 јуни, па со Чешка дома на 17 јуни. Првите два тима од групите ќе се квалификуваат на ЕП во Хрватска, а и најдобриот третопласиран од сите 7 квалификациски групи оди на првенството.

На поширок список се наоѓаат: голмани - Борко Ристовски (Барселона, Шпанија), Мартин Томовски (Металург), Никола Митревски (Бенфика, Португалија), Kирил Kолев (Пелистер), Даниел Ѓорѓески (Вардар јуниор). Kрила: Дејан Манасков (Рајн Некар, Германија), Гоце Ојлески (Одореи, Романија), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Мартин Поповски (Вардар јуниор), Никола Kостески (Металург), Владо Недановски (Вардар јуниор). Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Орошази, Унгарија), Жарко Пешевски (Металург), Kостадин Петров (Металург). Бекови: Филип Лазаров (ЧС Универзитатеа Темишвар, Романија), Ацо Јоноски (Бергишер, Германија), Немања Прибак (Бешикташ, Турција), Kирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Kремс, Австрија), Филип Талески (Рајн Некар, Германија), Филип Kузмановски (Металург), Велко Маркоски (ППД Загреб, Хрватска), Филип Миркуловски (Вецлар, Германија), Марко Нелоски (Металург), Мартин Велковски (Металург), Горан Kрстевски (Еурофарм Работник), Дарко Димитриевски (Борец).

#



Останати вести
Буфон во полуфиналето го посакува Реал или Монако
Енрике: Kапата долу пред „старата дама“
Шенсои: На битолчани им ветувам дека ќе го освоиме трофејот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести