период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 20.04.2017, 15:59

СЕ ОЧЕKУВА ДОБРА ЛЕТНА СЕЗОНА

5.000 туристи од Полска ќе се сончаат на охридските плажи

Пред прагот сме на новата летна туристичка сезона која ќе биде вистински тест за подготвеноста на нашите хотелски и угостителски работници да ги пречекаат многуте домашни и странски гости. Големиот број туристи за Велигден и продолжениот викенд најавија успешна сезона, а оптимизмот го потврдуваат и статистичките податоци кои покажуваат дека годинава тргна добро кога е во прашање туризмот. Така според, Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2017 година во споредба со истиот месец лани е зголемен 13,6 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен 10,3 отсто. Раст има и кај бројот на домашните туристи (15,9 отсто) и кај бројот на странските туристи (12,2 отсто).

Во периодот јануари - февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен 13,4 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување 12,7 отсто, а кај странските има зголемување 13,9 отсто.

Средени плажи, хотели со чисти и удобни соби, квалитетна и вкусна храна, проодни патишта, сево ова и уште многу друго го очекуваат пребирливите туристите кога ќе пристигнат во нивното летувалиште. Хотелиерите очекуваат успешна туристичка сезона. За нив обично велигденските празници се првиот тест, а полните хотелски капацитети се добра најава за плодна сезона. За среќа, иако земјава во последните години е зафатена од проблеми како мигрантската криза и длабоката политичка криза, сепак бројот на туристите и на остварените ноќевања бележат пораст.

Етнотуризам

Брегот на Охридското Езеро останува примамлив бисер како за домашните така и за странските туристи, но се посетени се на културните и историските знаменитости. Странските туристи с` повеќе се интересираат за еднодневни екскурзии низ руралните средини, за планински велосипедизам, алпинизам, параглајдерство, а повеќето од нив сакаат да одат на прошетки во природа, да ловат риби или да нуркаат.

На почетокот на мај се очекуваат и првите организирани посети со чартер-летови на туристи од Холандија, кои вообичаено се најмногубројни странски гости со најголем број ноќевања, со што и официјално ќе биде отворена новата сезона.

Туристичките субвенции, засилената промоцијата на Македонија како туристичка дестинација, модернизацијата на аеродромите во Скопје и Охрид и финансирањето на евтините авиолетови до над 15 европски метрополи и голем број други проекти придонесоа туризмот да бележи континуиран раст во изминатите неколку години. Потпишаните долгорочни договори за соработка со неколку странски реномирани туристички компании, како „Kорендон“, „Томас Kук“, ТУИ и „Аркија“, лани доведоа 50.000 Холанѓани, Белгијци, Данци, Финци, гости од Израел и од други земји во македонските туристички центри.

Kружни посети

Од Охрид има директни летови за Лондон, Базел, Белград и Тел Авив, а годинава нови редовни гости ќе бидат Полјаците, кои веќе закупија дел од хотелските капацитети на брегот на Охридското Езеро. Со новововедената директна авиолинија Охрид - Kатовице, од 15 јуни до 21 септември, со еден лет неделно, македонскиот бисер ќе биде подостапен за Полјаците.

Полската компанијата „Рего-бис“ најави дека ќе донесе најмалку 5.000 туристи кои ќе слетуваат на охридскиот аеродром со авиони од типот „ербас 320“, со капацитет од 220 седишта. Ќе бидат застапени и кружни повеќедневни посети во комбинација и на други соседни земји, со автобуси со капацитет од 80 лица.

Од идната година и еден од трите најголеми тур-оператори во Полска, „Реинбоу“, ќе продава аранжмани за Македонија на своите клиенти.

- По „Рего-бис“, ова е втор голем тур-оператор кој пројави интерес да ги нуди македонските туристички убавини на туристите од Полска. Со неговото доаѓање двојно ќе се зголеми бројот на полските туристи. „Рего-бис“ почнува да лета оваа година, а „Реинбоу“ во 2018 година. Ова е можност Македонија да се позиционира како туристичка дестинација на 38-милионскиот пазар и овој пат ќе ја прошириме нашата понуда, со што фокусот, покрај езерскиот туризам, ќе биде и на другите делови од Македонија - изјави Лела Kрстевска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Марjан Блажевски

#



Останати вести
Работилница за партнерство за подобра бизнис-регулатива
Проект за преквалификација и вработување ИТ-кадри
„Самсунг галакси С8“ и на македонскиот пазар
Турски ИТ и здравствени компании заинтересирани за инвестиции во Македонија
Во ЕУ најфалсификувани лековите, кај нас спортската опрема и чантите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести