период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.04.2017, 15:47

ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР ЈА КОМЕНТИРА СИТУАЦИЈАТА

Неопходно е единство и формирање на институциите

Неопходно е единство и формирање на институциите во вашата земја, порача шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар при денешната посета на општина Неготино во рамки на кампањата „ЕУ за тебе", која има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта што и ја дава Европската унија на Македонија.

- Секогаш постои вистинско време за многу прашања. Имаше време кое беше одредено за избори и време кое беше оделено за дискуси и за дебати после изборите. Мислам дека е сега време да се постави потребата за формирање на институциите, рече Жбогар, запрашан како ја коментира актуелната политичка ситуација во Македонија.

Тој додаде дека е дојдено времето кога сите во државата треба да ја научат лекцијата дека е време да се формира единство и сите да бидат обединети кон една иста цел.

- Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата. Мислам дека е дојдено време и власта и опозицијата, како и сите луѓе во вашата земја да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе за да бидат единствени. Тоа е многу важно за иднината на вашата земја и за процесот на евроинтеграција за кој сме сите заинтересирани да продолжи, рече Жбогар.

Евроамбасадорот во Неготино се сретна со градоначалникот Ванчо Апостолов и ги посети проектите финансирани од ЕУ.

#



Останати вести
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Тужба против Џес Бејли и УСАИД
Mешање на странски држави и ерозија на државноста
Еди Рама ќе прави голема Албанија - НАТО и ЕУ ни да писнат
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
??, 19.04.2017 16:20:14
Tocno taka, vreme e. Zatoa vrazumete gi vashite podcineti lideri od SDS, albanskite partii i od Republika Albania da ja trgnat tiranskata deklaracija od svoja agenda zoshto makedonskite glasaci ne glasaa za nea, i da se sostavi Vlada. Potegot e kaj vas. A dali toa i vas vi odgovara, e toa e drugo prashanje. Makedonskite gragjani na ulica go znaat odgovorot.
Ангелина, 19.04.2017 17:48:56
Ех, тие европски волци! Влакното го менуваат, но крволочната природа никако - не можат никогаш!!! Притаено го демнат својот плен. Но ние нема да ги нахраниме.Во какви примероци и да дојдат, таа матрица никој овде не ја купува. Никој битен!!!
АХА, 19.04.2017 17:56:16
Во „нашата земја“ има институции и влада, и спикер, и претседател и министерства и судови и локална самоуправа. „Нашата земја“ нема да има институции кои народот го ставаат во недоумица, го разнебитуваат, го делат, а ЕУ сака да ги има токму такви и секојдневно и неуморно испраќа те едни те други емисари да ни прикажуваат прикаски за мали деца дека ете тоа и фали на „нашата земја“ и веќе сме во нивно друштво. Господа, се додека „нашата земја“ не ја наречете Македонија, никако не ви верувам. Не се нервирајте толку затоа што не можете повторно да не прелажете. И ние се научувме да не се нервираме од лагите кои секојдневно ни ги сервирате. Нашата вистина еден ден ќе ве порази.
Најнови вести