период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 10.01.2017, 17:51

ОДОКОЛУ

Платформа за нова 2001 година

Иако треба да се остави во идните дваесетина дена да се види дали мандатарот Никола Груевски преку директни преговори со Али Ахмети ќе успее да создаде и договори владино мнозинство, големи се шансите тоа да не се случи. Тоа и самиот го најави во интервјуто за „Дневник“ преку ставот дека нема да ги прифати уцените. Останува, потоа, да се види дали уцените што дојдоа со заедничката платформа на албанските партии ќе бидат прифатливи за лидерот на социјалдемократите Зоран Заев и неговите коалициски партнери.

Имајќи го предвид она што го зборуваше во предизборната кампања – од двојазичноста до одењето надвор од рамките на Охридскиот договор и менувањето на Уставот – тоа и нема да биде навозможна мисија. Но, ако им се верува на првичните неофицијални информации од редовите на социјалдемократите дека и за нив албанските црвени линии се превисоки, како и поради фактот дека за нивно остварување треба двотретинско пратеничко мнозинство и согласност на сите партии-потписнички на Пржинскиот договор, многу реална е опцијата дека во земјава би можеле да се случат повторни нови парламентарни избори. Тоа не би било изненадување и ние не би биле прва земја во која има потреба од ново мешање на изборните карти.

Но, она што би била македонска специфика е тоа што нови избори би се одржувале во сосема нови околности, споредено со досегашните, а што ќе се должи токму на договорната платформа на албанските партии. Тука се битни две работи: првата, дека ниту една од овие партии што сега играат главна улога во албанскиот електорат нема да влезе во идна македонска влада ако не бидат прифатени седумте барања од платформата и, врзано со ова, напуштање на досегашниот принцип на коалирањето на победнички партии во македонскиот и во албанскиот политички блок.

Значи, во некоја претпоставена ситуација – некоја македонска политичка партија да освои повеќе од 63 пратеници или да се создаде коалиција од најголемите блокови на македонски политички партии – сосема е реално во идна владина коалиција да нема албански партнери. Македонските партии не би можеле да ги прифатат уцените од платформата, а албанските нема да сакаат да влезат во коалиција во која нема да го добијат она што заеднички го бараат и од кое секое отстапување би се сметало како национално и политичко предавство. Излегува дека како држава првпат би дошле во ситуација два национални блока да немаат мошне важно политичко сврзувачко ткиво какво што е владината коалиција.

Лидерите на албанските политички партии и оние што им ја пишувале платформата, веројатно, биле свесни за можноста од еден ваков политички расплет бидејќи државата не може на долг рок да си дозволи да си нема ефективна влада. Што ќе значи тоа во однос на албанските, расплет по кој ниту една од нив нема да учествува во владата, бидејќи како што тие имаат право легитимно да поставуваат политички услови така е и легитимно таквите услови да се одбиваат од страна на оној или на оние што имаат мнозинство од 63 пратеници? Па ќе се останува надвор од владата с` додека некоја од македонските политички партии не реши да ја прифати категоричната платформа? Или, ќе почне да се применува друга тактика, прво со изразување на политичкото незадоволство, кое понатаму може да добива различни форми и методи и на крајот – нови барања.

Знаејќи ги досегашните искуства со остварувањето на албанските политички и секои други барања во наши прилики, јасно е дека тоа и ќе се случи. Прашање ќе биде само за каква форма ќе се определат, со каков интензитет и со каква крајна цел. А не треба да се има дилеми за тоа дека во јадрото на ова незадоволство ќе се најдат аргументи за тоа дека македонската страна е таа што ги задушува и не го дозволува остварувањето на албанските барања. Односно, таа е онаа страна што заедничкиот живот го прави невозможен па, затоа, се немало друг избор освен земањето на работите во „свои раце“...

Албанските лидери, кои ги завериле категоричните услови без чие исполнување нема да влезат во некоја влада, требаше да бидат до крај искрени и да кажат што им е опција за понатаму, за ситуација во која нивните барања нема да бидат прифатени и владата ќе биде само „македонска“. Kако одговорни политичари што водат сметки за интересите на својот народ, треба и да му кажат кон каде води патот по кој тргнале. Во земјата во која сеќавањето на конфликтот од 2001 година, за неговиот почеток, првични барања и заднината, с` уште е силно, тоа треба јавно да се каже ако не се сака подгрејување на меѓунационалната недоверба и јазови. Или, се сака токму тоа.

Бранко ЃОРЃЕВСКИ

#



Останати вести
Платформи и пајакови мрежи
Историска шанса или крстопат за државата
Уставни или платформски визитарки
Големиот грев на денешната цивилизација
Едно време клучот беше фер избори

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести