период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 11:46

ХУМАНИТАРНА ИНИЦИЈАТИВА НА АРМАНД ВЕЉАН И СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ

За среќа е доволно и денарче

Дека за среќа е потребно малку, само една паричка, силно веруваат Арманд Вељан и македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов, сопственици на ресторанот „Рустикана“ во Скопје, кои ја иницираа хуманитарната акција „Денар за среќа“.

Имено, гостите на ресторанот за услугата ќе платат само еден денар повеќе, а на крајот од месецот собраните пари ќе им бидат донирани на луѓе и семејства на кои им треба помош.

- Почнуваме една континуирана хуманитарна акција за која се надеваме дека ќе прерасне во движење, кое ќе биде поддржано од многу угостители и хумани луѓе. Ние сами не можеме да го смениме светот, ама заедно имаме шанса. Одлучивме да ги коригираме цените за еден денар на сите наши артикли и истиот тој денар да оди во хуманитарни цели. Покрај тоа, ние на секој дониран денар од гостите, ќе одговориме со уште еден денар од нас, па нареден пат кога некој ќе пие пиво или јаде бургер ќе бидат донирани 2 денара за хуманитарни цели. Нашата цел е да решиме по некој проблем, кој е во домен на нашите можности, па ќе избираме случаи на кои вистински можеме да им помогнеме, секако ќе бидеме отворени за предлозите на сите наши пријатели - вели Вељан.



Овие млади хуманитарци веќе се добро познати преку своите хуманитарни акции. Тие досега организирале помош за интернатот за деца „ Гоце Делчев“ во село Љубанци, потоа за три деца сираци од Велес, како и десетина акции за децата без родители од Домот „11 Октомври“, за десетина семејства во социјален ризик, како и за семејството од село Смоларе во Струмица. Всушност, тие се вклучуваат во секоја хуманитарна акција што ја иницира редакцијата на „Дневник“ и наоѓале начин да им помогнат на децата во ризик, чии приказни биле објавени во весникот.

Заедно со Вељан и Стоилов, во хуманитарните акции се вклучени и нивни пријатели, па зад оваа хумана бригада стојат навистина многу благодарни луѓе.

Овие хуманитарци велат дека се најсреќни кога им помагаат на деца.

- Сакаме да помогнеме колку што можеме, а притоа да разбудиме уште некој, па можеби во иднина заедно ќе направиме нешто што вистински ќе смени нечии животи на подобро. Нашите донации и акции ќе бидат транспарентно објавувани и искрено се надевам дека ќе бидеме најдобронамерно сфатени и поддржани од сите. Идејата е без помпа да им се помага на деца или лица на кои им е потребна помош. Можеби 2 денари звучат смешно, но месечно само од нас ќе се собираат повеќе од 20.000 денари. Идејата ќе биде успешна само ако ја поддржат повеќе локали или фирми. И ако се создадат група фирми ќе се создаде сериозен фонд за помош. Ќе им донираме директно на лица, не преку фондации - вели Вељан.

Првите гости веќе оставиле свој прилог кон акцијата, се разбира воодушевени дека, сепак, за среќа треба малку да се сака.

Kренаа на нозе 5.000 лица да им помогнат на децата од „Гоце Делчев“

Kога редакцијата на „Дневник“ ја објави приказната за децата од интернатот „Гоце Делчев“ од Љубанци, секако не претпоставивме дека Арманд Вељан и неговата бригада од хумани пријатели ќе кренат на нозе 5.000 лица, кои собраа помош за овие деца.

Неговите пријатели, Горан, Стефан и Столе, Мартина, Сенад и уште еден куп млади се откажаа од своето утринско кафе по кафулињата и донираа за децата од интернатот велосипеди, ролерки, шпорет, еден куп облека и училиштен прибор.

- Kога цел свет се крена на нозе за децата од Уганда, можеме и ние за нашите деца од соседството - изјави Вељан.

Kако и сите големи и хумани луѓе, овие млади се и повеќе од скромни, велат ги води само желбата да направат некого среќен, за возврат сакаат само една насмевка.

Марија Тасев

#



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести