период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.03.2017, 16:00

Директор со условна казна бидејќи дозволил во Богомила да се пие загадена вода

Директорот на Комуналното претпријатие од Чашка е осуден оти на жителите на Богомила им испорачал загадена вода за пиење.

Ѓоре Здравковски (44) од Чашка и Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Тополка“ - Чашка се прогласени за виновни за кривичното дело загрозување на животната средина и природа.

Здравковски доби условна казна затвор од три месеци, ако во следната година стори ново кривично дело, додека јавното претпријатие е парично казнето со 100 илјади денари.

Според обвинението, во периодот од 4 март 2013 до 10 мај 2016 година, 32 пати на жителите на село Богомила им испорачале неквалитетна и небезбедна вода за пиење, во која имало присуство на ешерихија коли, колиформни бактерии, отсуство на резидуален хлор или негово присуство над дозволениот максимум.

И директорот и претпријатието, според пресудата, пропуштиле преземање мерки за спречување на загадувањето на водата за пиење, со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето и не презеле итни мерки за отстранување на загадувањето на водата. Тие, исто така, не ги известиле граѓаните во рок од 24 часа дека водата е загадена.

#



Останати вести
Хан ја почна серијата средби со политичките лидери
Кривични пријави за четири лица што фрлија Молотови коктели врз Музејот на Албанската азбука во Битола
Швајнштајгер една година во Чикаго
Лила, Јована и Симона блеснаа како невести
Во Даблин има паб на секои 100 жители
Јункер: Ќе ја казниме Британија за брегзитот како пример за другите членки
Ердоган и турската Влада не се добредојдени во Германија
Малиот Наум трета година едноподруго собира меѓународни награди за цртање
„Молотов коктел“ фрлен во кафуле во Тетово
Федерер игра како во најдобрите денови
Голди Хоун во "Грабнати"
Робин О'Нил: Македонија од секогаш е под закана на соседите
''Охрид од понапред до денес''
Иванов нема да се сретне со Хан - терминот го отстапува на „За заедничка Македонија“
Купер и Гага заедно на филм
Загина тракторист во Kумановско
Милевски: Црна Гора ќе биде последна проверка за новата генерација
Една петтина од потрошената енергија во Македонија е добиена од ветрот, сонцето и од водата
Трамп ќе стане дедо по деветти пат
Роуан Аткинсон очекува да ги надомести финансиските загуби
Јубилејно издание на Моден викенд Скопје
СДСМ за претседател на Собранието прво ќе го постави Спасовски како Македонец, а понатаму ќе се одбере Албанец
Главниот осомничен од акцијата во Арачиново се јави како бегалец во Телевизија 24
Денешниот протест против Сорос и неговите организации
Ел класико на 23 април во вечерен термин
Пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот
„Kуку леле“ ја сними субвенционираната „Рома романтика“
Работиме професионално, морално и согласно законот
Почина магнатот Рокфелер
Спортинг Лисабон му фрлил око на Ристовски
Червар се договори со Металург да остане до крајот на сезоната
Филип Петровски на распит во Обвинителство за статус на Твитер
Оливер Спасовски не се појави на распит во Обвинителството

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести