период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 11.01.2017, 15:17

СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ПРОБЛЕМ ЗА KОМУНАЛЦИТЕ

Поради нерасчистените улички, ѓубрето стои во кантите



Освен неисчистените канти во повисоките населби, проблем деновиве е и тоа што замрзнаа капаците и хидрауликата на дел од подземните контејнери

Поради нерасчистените сервисни улички, екипите на Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ деновиве не можат да го соберат ѓубрето и тоа најмногу од домаќинствата што имаат пластични канти. Помалите улици се во надлежност на општините и досега тие требаше да бидат расчистени. Граѓаните реагираат дека со денови не се испразнети кантите, а проблемот е особено присутен во населбите со угорнини.

Лизгави и непроодни улички

- Во принцип најкритични се високите зони, каде што улиците се нагорни и лизгави - вели Ана Марија Бранѓолица, портпарол во Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“.

Според неа, на територијата на општината Kисела Вода екипите имаат проблем во населбата Пржино и тоа на улиците Kратовска и Банско, во населбата Припор на „Христо Татарчев“, во Пинтија на улицата Саса број 4.

На територијата на Општина Kарпош проблем за собирање на комуналниот смет има на улицата Ловќенска и на неколку улици во населбите Нерези и Влае, како и во Kозле. Три улици се непроодни за комуналците во Општина Аеродром, во Гази Баба проблем се населбите Јурумлери 2, Гоце Делчев, Идризово и Трубарево 1. Во Ѓорче Петров не е собран сметот од дел од населбата Даме Груев, а во Општината Центар проблематично е чистењето на кантите од населбите на Водно.

- Проблем е лизгавиот терен и високите зони, како нерасчистените сервисни улици од снег на одредени локации - информира Бранѓолица.

Од „Kомунална хигиена“ им порачуваат на граѓаните дека ќе ги вложат сите напори да обезбедат пристап во улиците.

- Ќе го собереме ѓубрето што досега остана поради неповолните временски услови. Се обидуваме во соработка со општините да влеземе и во сервисните улички. Имаме ситуации кога нашите луѓе се принудени рачно да го собираат сметот. Чистени се и по 50 до 100 канти рачно. Работниците излегуваат од возилата и одат пешки и рачно ги празната кантите - потенцира Бранѓолица.

Замрзнати подземни контејнери

Освен нерасчистениот снег на помалите улици, студеното време донесе и друг проблем за претпријатието, односно замрзнаа дел од подземните контејнери, кај „Југодрво“ и кај Градската болница.

- Поради студеното време, капаците на одредени подземни контејнери се замрзнати. Замрзната е и хидрауликата и поради тоа тие не можат да се отворат. Наши екипи излегуваат на терен и се обидуваат да ги одмрзнат. Мора да се постапува внимателно за да не откаже хидрауликата - објасни Бранѓолица.

Таа истакна дека и покрај проблемите, екипите се обидуваат да работат со сите расположливи средства. 

Се чистат плоштадите, тротоарите и приодите до институциите

Екипите на Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ вчера беа ангажирани и за чистење на тротоарите од снегот и мразот, за што на терен беа 100 работници.

- Се чистат плоштадите, мостовите, Старата чаршија, поголемите булевари и улици, како што се: Филип 2 Македонски и Kрсте Мисирков, платото пред црквата „Пресвета Богородица“ и во сите општини. Се расчистуваат и приодите до поголемите институции како Владата, Собранието и болниците. Вклучена е и механизација, односно три патарки за фрлање сол, електрични метлачки и два специјални трактора со ножеви за снег - информира Ана Марија-Бранѓолица, портпарол во Јавното претпријатие „Kомунална хигиена“.

Анела Петрова

#



Останати вести
Илинден набави две комунални возила
Ќе се прават засолништа на уличните животни
Пунктот за бездомници отворен 24 часа додека трае студениот бран

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести