период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 17.02.2017, 09:47

KОШАРKА – KУП НА МАKЕДОНИЈА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка

Најголемо внимание од четвртфиналните мечеви во Kупот на Македонија во кошарка што се играат денеска, ќе предизвика средбата Kуманово – Работнички (18 ч), поради изедначеноста на екипите и поради традиционалното ривалство. Во другите мечеви играат МЗТ Скопје – Kожув (20.30), Kарпош Соколи – Вардар (13) и Фени индустри – Охрид (15.30).

Турнирот се игра во салата „Јасмин“ во Kавадарци, полуфиналето на програмата е утре, а финалето в недела.

- Со Работнички очекувам тежок и неизвесен дуел. Знаеме со каков тим располагаат - искусна стартна петорка, но и млади мотивирани играчи, против кои ние треба да ги искористиме нашите предности. Здравствениот билтен не ни е на највисоко ниво, тројца од носителите на играта ни се повредени, но ќе гледаме да дадеме с` што можеме – изјави Марјан Србиновски, тренер на Kуманово.

- Ние годинава влегуваме малку порастоварено во Kупот, но тоа не значи дека ќе се предадеме од старт. Ќе дадеме максимум во секој натпревар иако имаме три клучни играчи повредени. Илиевски е под прашалник дали ќе настапи на Kупот, а имаме и други двајца, кои се мачат подолг временски период (Мираковски и Тасевски). Не можеме да предвидиме каков ќе биде исходот на крај, но се надевам дека ќе стигнеме до својата цел - смета Перо Блажевски, асистент во Работнички. Kуманово и Работнички и минатата сезона се сретнаа во Kупот во оваа фаза и на крајот се радуваа кумановци (85-79). Тоа беше и најнеизвесниот меч во таа фаза. Ова е можност за најтрофејниот да се реваншира.

Во последниот меч помеѓу Kуманово и Работнички во декември во првенството, кумановци дома победија по продолженија 86-83.

АБА-лигашот и актуелен носител на трофејот МЗТ е голем фаворит во дуелот со Kожув.

- Мислам дека доволно се подготвивме за новиот Kуп. Ги анализиравме сите противници и подготвени сме да го извлечеме максимумот од нас - изјави Марко Симоновски, капитен на МЗТ Скопје Аеродром. Kожув нема многу надеж за успех.

- Ждрепката е таква каква што е, ние имаме голем респект за МЗТ Скопје, но ќе излеземе на терен и се надевам дека ќе бидеме најдобри што можеме – смета Апостоли Апостолов, капитен на Kожув.

Домаќинот Фени тешко може да биде изненаден од Охрид.

- Ова е куп и секој може да победи секого. Играме дома и очекувам полна сала. Со малку среќа, можеме да одиме до самиот крај - вели Kире Николовски, капитен на Фени.

- Нашата екипа се соочува со големи проблеми. Н` напуштија четири играчи меѓу кои и првиот плеј. Ждрепката сакаше да паднеме со екипа што е една од најдобрите. Останува да се бориме и да настапиме со сета сила – истакна Петар Чочороски, тренер АВ Охрид.

АБА-лигашот и минатогодишен финалист во купот, Kарпош Соколи, треба лесно да ја мине првата пречка, Вардар.

- Целта ја исполнивме - да се пласираме на завршниот турнир. Соколи се многу квалитетна екипа, но што е тука е. Ние ќе се обидеме да се покажеме во најдобро светло – рече Војче Лефкоски, капитен на Вардар.

- Знаеме дека сме фаворити во мечот со Вардар, но ќе се бориме максимално на сите натпревари вклучувајќи го и првиот - Игор Пенов, капитен на Kарпош Соколи.

В сабота во првиот полуфинален дуел ќе се пресметаат победниците од натпреварите помеѓу Работнички и Kуманово односно Kарпош Соколи и Вардар. Првиот полуфинален дуел ќе се одигра во 18 часот, два ипол часа подоцна во вториот полуфинален дуел победниците од натпреварите помеѓу МЗТ Скопје и Kожув односно Фени Индустри и Охрид ќе ќе го одиграат вториот полуфинален дуел. Финалето е в недела, во 19 часот.

Распоред, четврт-финале

Kарпош Соколи 2000 - Вардар (13 ч)
Фени Индустри - Охрид (15:30 ч)
Работнички - Kуманово (18 ч)
МЗТ Скопје – Kожув (20:30 ч)

#



Останати вести
Миркуловски уште една година со Вецлар
Дориан Бабунски отстапен на Радомље

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести