период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 11.01.2017, 12:16

ЗАТВОРЕН ПРЕМИНОТ БОГОРОДИЦА: Седумдесет камиони неколку часа се заглавени на границата

Од 2 часот изутринава воведена е забрана за камиони за влез во Грција на граничниот премин Богородица поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, соопшти МВР


Седумдесет камиони неколку часа се заглавени на граничниот премин Богородица. На возачите не им е дозволен влез во Грција поради лошите временски услови на патот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека преку границата се пропуштаат автомобили, но на товарните возила им е забранет влез.

„Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување дека од 2 часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата“, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека во меѓупросторот на границата за влез во Грција чекаат околу 70 товарни возила.

#



Останати вести
Украдени 100.000 денари од казино во Битола
Австралиски Македонец најден починат во охридско село
Kлиентите исполегнале на подот, а разбојникот самиот зел 70.000 денари од касата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести