период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 11.01.2017, 16:47

ЛИЧЕН ДОХОД ПО РЕГИОНИ

Просечната плата во Скопје речиси 26.000 денари, во источниот регион пониска 10 илјади

Маж, директор на производствено претпријатие со седиште во Скопје, со повеќе од 250 вработени, со високо образование и работен стаж од 25 до 29 години, вработен на неопределено време со полн фонд работни часови. Вака изгледа статистичкиот профил на човекот со најголема плата во земјава ако се анализираат податоците изнесени во публикацијата за структурата на заработувачката на вработените на Државниот завод за статистика.

Ако се разгледаат бројките во оваа публикација, може да се заклучи дека скопскиот регион е најпосакувана дестинација за вработување, што не треба да зачудува бидејќи во него има најголем број жители и се концентрирани најголем број компании, па оттука и платите се најголеми.

Работниците во скопскиот регион во 2015 година имале просечни месечни примања од 25.861 денар, а сите останати региони се под државниот просек од 21.906 денари. Најсиромашни региони се источна и североисточна Македонија. Таму просечната плата е речиси 10.000 денари пониска отколку платата на вработените во главниот град. Најнизок просек од 16.278 денари е регистриран во источниот регион, кој ги опфаќа општините Штип, Берово, Пробиштип, Делчево, Kочани и други. Малку подобри се североисточниот и југоисточниот регион, во кои просечната плата изнесува 16.848 денари, односно 16.946 денари. Во вардарскиот регион просекот е 17.402 денара, во југозападниот 19.946 денари, во пелагонискиот 20.222 денара и во полошкиот регион е 20.620 денари.

Според Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавците на Македонија, структурата на стопанството во одреден регион има големо влијание за висината на платите.

- Во Скопје се концентрирани најголем број од услужните претпријатија, како и речиси сите државни институции, а во овие сектори се поголеми платите на вработените отколку во производството, кое е најприсутно во внатрешноста. Еден од начините за усогласување на разликите во платите е префрлање дел од државните органи и институции надвор од Скопје, односно нивно дисперзирање во градовите во државата. Не треба да се занемари фактот дека жителите од другите градови кога доаѓаат во главниот град, трошат пари со кои придонесуваат за економијата на овој регион, односно парите се префрлаат од еден регион во друг - вели Димитров.

Со диплома 44 отсто повисока плата

Анализата на статистичките податоци покажува дека вреди да се инвестира во сопственото образование. Така, вработените со завршен факултет имаат во просек 44 отсто поголема плата во споредба со државниот просек, а платата на тие со вишо образование е поголема 21 отсто. Од друга страна, среднистите имаат 19 отсто помала плата од просечната, а вработените со основно образование 31 отсто. Најмногу заостануваат вработените со незавршено основно образование, нивната плата е 35 отсто пониска од просечната.



Дека мажите имаат поголеми плати од жените, веќе е општо познат факт, но според статистиката, висината на платата зависи и од големината на претпријатието, односно вработените во големи фирми имаат поголеми плати.

Во фирми со 10 до 49 вработени просечната годишна бруто-плата во 2014 година била 323.718 денари и е 18 отсто пониска од државниот просек од 397.739 денари. Нешто подобра е состојбата во деловните субјекти од 50 до 249 вработени, во кои просечната плата е пониска само 2 отсто од просекот и изнесува 387.060 денари. Најдобар просек имаат вработените во фирми со повеќе од 250 вработени, кои примаат плата од 457.617 денари или 17 отсто поголема од просечната.

Искуството носи повеќе пари

Работниот стаж, односно искуството, е уште една значаен параметар за одредување на висината на палтата на работниците. Статистиката покажува дека вработените, кои се на почетокот на кариерата додека с` уште се без доволно работно искуство, имаат 39 отсто пониска плата од просечната, т.е. вработените во возрасната група од 20 до 24 години примаат годишна просечна бруто-плата во износ од 242.226 денари, а тие од 25 до 29 години од 313.381 денар. Веќе со навршени 30 години може да се очекува поголема плата од просечната, а годишната плата на тие со возраст од 35 до 59 години се движи во распон од 405.000 до 415.000 илјади денари. Највисок просек имаат вработените над 60 години - од 469.062 денара или 17 отсто повисока од просекот од 397.739 денари.

Рамномерниот раст на регионите може да се поттикне со инвестиции во помалите места што ќе ги задржат луѓето на нивните огништа.

- Треба да се размислува за рамномерен развој и да се поттикне растот во помалите места. Сега ни се случува процес на иселување од внатрешноста кон Скопје, а и во странство, посебно млади луѓе, па може да се соочиме со проблемот на недостиг на работна сила, а да имаме бизнисмени подготвени да инвестираат - заклучува Димитров.

Марjан Блажевски

#



Останати вести
НБМ ја намали основната камата втор пат за еден месец
Македонската економија годинава ќе порасне 3,3 проценти, в година 3,7 отсто
Саудиска Арабија ги намалува буџетските трошоци за 20 милијарди долари
До крајот на годината првите количини гас од наоѓалиштето „Зохр“ на Медитеранот
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести