период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 11.01.2017, 17:46

МИСИЈАТА НА ЕУ ВО СKОПЈЕ ОБЈАСНУВА

Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите



На новата влада нема да ~ треба широка политичка поддршка од конкретни фактори, ами широката поддршка за исполнувањето на пржинските договори и итните реформски приоритети, објаснуваат од канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Нивната реакција доаѓа како резултат на изјавата на портпаролката на ЕK во Брисел, Маја Kоцијанчич, која го употреби терминот „широка поддршка“ за новата влада, што можеше да се сфати и поинаку. Имено, терминот премногу асоцираше на барање поддршка за новата влада од сите политички фактори во земјава, па дури и на барање за формирање широка коалиција.

- Очекуваме брзо формирање нова влада со широка политичка поддршка за имплементација на сите делови од пржинскиот договор и итните реформски приоритети - објаснија вчера од канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Во изјава за МИА пред неколку дена Kоцијанчич испрати слична порака, објаснувајќи ги итните реформски приоритети, нагласени во извештајот на Рајнхард Прибе.

Тие се поделени во шест категории: владеење на правото и судство, деполитизација на јавната администрација, изборна реформа, имплементација на препораките на анкетната комисија за собраниските инциденти од 24 декември и медиуми и слобода на изразување.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Ако РТ е пропагандна машинерија, тогаш што се ББЦ и ПБС?
Еди Рама е новиот балкански Милошевиќ
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести