период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 09.01.2017, 23:13

ДУИ НЕ Е ИЗНЕНАДЕНА ОД СТАВОТ НА ГРУЕВСКИ

Ахмети чека покана од мандатарот Груевски за разговори за нова влада

Очекувана реакција од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова е првичниот коментар од партијата на Али Ахмети на најавата на Груевски во интервјуто за „Дневник“ дека доколку бидат изиграни од ДУИ при формирањето нова влада, ВМРО-ДПМНЕ повеќе ќе нема никаква обврска да го почитува принципот воспоставен од Ахмети победничките партии од македонскиот и од албанскиот блок да прават влада.



Висок функционер на ДУИ во брифинг за „Дневник“ вели дека е рано да се говори за какво било изигрување на воспоставениот принцип и најави дека очекува мандатарот Груевски првин да го покани Ахмети на разговори за нова влада. Тој додава дека реакцијата на Груевски во интервјуто е за принципот - победникот со победникот да прави влада, но не и за платформата на партиите на Албанците. Оттука, според него, разговорите меѓу двете страни ќе покажат дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе може да се усогласат за албанската платформа, но и за програмата на ДУИ за да бидат владини партнери.

Платформата на маса кај Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар во интервјуто за нашиот весник вели дека ќе се обиде да состави влада, но не по секоја цена:

- Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата, и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата.

Од ДУИ велат дека рано е да се зборува дали со ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе прават влада.

- Нека почнат преговорите, па ќе видиме. Заедничката платформа на Албанците ќе биде на маса пред Груевски. Таа е услов за нова влада за секоја македонска партија. Но, освен платформата, со Груевски како мандатар ќе разговараме и за програмските барања на ДУИ. Ако се најдеме и усогласиме, можна е влада со ВМРО-ДПМНЕ. Доколку Груевски не се согласи со албанската платформа или со програмата на ДУИ, тоа не значи дека Ахмети ќе го изигра воспоставениот принцип, туку дека за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се неприфатливи барањата од платформата и нашата програма - вели функционерот на ДУИ.

Тој додава дека албанската платформа ги содржи политичките барања што ќе бидат ставени на маса пред мандатарот Груевски, а барањата од програмата на ДУИ се за економските зони, даноците, инвестициите, инфраструктурата...

Омекнати барања на ДУИ

Тој појаснува дека на преговарачката маса за влада нема да седнат сите лидери на партиите на Албанците што стојат зад платформата, туку очекува Груевски како победник во македонскиот блок и од вчера мандатар да го покани Ахмети како победник во албанскиот блок на разговори за нова влада. Ова значи дека на преговарачка маса нема да бидат Груевски, од една страна, и Ахмети, Билал Kасами и Зијадин Села од друга, туку само двајцата довчерашни владини партнери.

Впечатливо е дека ДУИ и вчера, исто како и пред една недела Ахмети, ги омекнува барањата од албанската платформа со констатација дека во платформата нема ништо што досега не им било познато на македонските партии. Ахмети неодамна во брифинг за новинарите изјави дека во платформата нема ништо страшно и ништо непознато за јавноста. Ахмети тогаш рече дека барањата од платформата не се услови или црвени линии, туку потреби за Македонија, дека во неа нема ништо дискутабилно, мистериозно или опасно за Македонија и оти платформата ги содржи основните начела за кои ќе разговараат со македонскиот партнер за новата влада.

И функционерот на ДУИ вчера ги повтори тие позиции.

- Во платформата нема ништо надвор од Рамковниот договор, ништо што досега не било на маса за преговори со македонските партии и што ним им е непознато. Во платформата нема ништо што не би било прифатливо за македонските партии. Платформата не се залага за кантонизација, федерализација, дури нема ништо за двонационалана држава. Се изместуваат тезите дека во платформата има максималистички барања. Не е така. За унапредувањето на употребата на албанскиот јазик е разговарано со ВМРО-ДПМНЕ, но нема договор. Груевски во интервјуто не се изјаснува за платформата, само потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери имаат платформа - вели функционерот на ДУИ.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ на иста линија за СЈО

Од ДУИ велат дека не се на различна линија од ВМРО-ДПМНЕ ни кога станува збор за СЈО. Груевски во интервјуто за нашиот весник е дециден дека не прифаќа продолжување на мандатот на СЈО и дека тоа е невозможно без согласност на ВМРО-ДПМНЕ и на четирите партии потписнички на договорот од Пржино.

- Во платформата е наведена поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди - вели функционерот на ДУИ.

Ахмети ќе преговара за влада, „Алијансата“ и Беса не го признаваат Груевски за мандатар

Иако ДУИ, Беса и „Алијансата за Албанците“ застанаа зад албанската платформа и вчера продолжи разногласието меѓу нив особено кога претседателот на државата, Ѓорге Иванов, вчера му го врачи мандатот за состав на нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. И додека Ахмети чека да биде поканет од Груевски на разговори за нова влада, Зулфи Адили од „Алијансата за Албанците“ изјави дека тие нема да учествуваат во составувањето на новата влада ако мандатар е Никола Груевски, кој е осомничен од СЈО. За Весел Мемеди, лидер на НДП, пак, најбитна е платформата. Од Беса се децидни дека нема да соработуваат со Груевски.

Мариела Траjковска

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
СДСМ: Сe додека не ја добиеме официјално, не коментираме ништо

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
fkryuk, 10.01.2017 00:12:24
Alijansata i Besa se licimeri. Ako ne sakaat da potpishat dokument so Grujo samo zatoa shto e obvinet (ne dokazan; se dodeka ne se dokaze e nevin!!!!) od SJO, togash ne treba ni da potpishuvaat so DUI platformi od isti pricini. Teshko na lugjeto koi glasale za vakvi neznajkovci, licimeri i dvolicni (mnogu potsetuvaat na karakterot na cadorot!!!). DUI treba da prasvi vlada so VMRO so cel da ja smirat situacijata, a ne so uceni. Tie nema da pominat zoshto nemaat 2/3 glasovi vo parlkamentot. Ako se smiri situacijata vo Makedonija, i se postavat rabotite na legalni i logicni zakoni (ne na zakoni na ulicata kade ulicata obvinuva, osuduva i nosi demek drzavotvorni odluki bez dokazi!!), posle toa neka se razgovara so ladni glavi. Samo odlukite doneseni so ladni glavi i pocituvanje na drugara strana (neshto shto SDSM ne moze da go nauci zoshto im fali intelegencija), mozat da se donesat kvalitetni i odluki.
Zlatko, 10.01.2017 00:23:44
Posledna Shansa Na DPMNE DA DOKAZE/POKAZE Dali Se Za MAKEDONIJA Kako DRZAVA ili Kako Paricka ZA PODKUSURUVANJE za VLAST/FOTELJI.? DA KAZAT od DPMNE Dali SE Za PRAVNA DRZAVA So USTAV/ZAKONI ili i PONATAMU MKD Sose MAKEDONSKIOT NAROD Ke BIDAT SILUVANI od Bejlevci-Garetovci i sl. TAPOGLAVCI Sose CrpkoRadovski OPINOCI,SJO,NVO i sl.GOMNA Vo REZIJA na CADORI/CADORCINJA-Zdravi/IZDUPCENI- KREDIT Kaj NARODOT VEKE NEMA toa Se Pokaza Na Izborite.?? Sega E ILI-ILI Drugo Nema.? VO ZALOG E MKD DRZAVATA Sto Ja SONUVALE za KOJA GINELE ILJADNICI MAKEDONCI MAZI/ZENI DECA Niz VEKOVNITE Stradanja/NEPRAVDI Na MAKEDONIJA/NARODOT..DPMNE ke MORA Da Pokaze/Dokaze DALI Gi ZASLUZUVA 4-te SVETI MAKEDONSKI BUKVI ==== V M R O ==== GOSPOD E GOLEM - MOZE ZABAVA AMA NE ZABORAVA
nepokoren, 10.01.2017 04:08:16
Ahmeti ne gleda nishto strashno vo nivnata radikalna Platforma, vo Platformata ne se zborelo za Kantonizacija i Federalizacija tie bile normalni baranja shto ne treba da gi zasega Makedoncite. Albancite barat Dvojazichnost na celata Teritorija, promena na Znameto i Grbot, Albancite da bidat vklucheni vo razgovorite za imeto na Makedoncite, Ahmeti ke reshava kako ke ni se vika Drzavata i kako ke se vikame nie Makedoncite, imeto da se reshi po sekoja cena za brzo chlenstvo vo NATO i EU, Pretsedatel na Drzavata da se bira so Konsenzus, Bugetot da se deli po Etnichki Ramkoven Model, edno od trite kluchni Pretsedatelski mesta da im pripadne na Albancite, site tie baranja bile daleku od Kantonizacija i Federalizacija. Sex se rachuna samo koga Mazot e vrz Zenata, ako Zenata e vrz Mazot toa ne bilo Sex ete toa sakat da ni go kazat Albancite.
Gostivarchanec, 10.01.2017 04:41:30
G-dine Ahmeti (od pochit kon sekoja lichonst, a ne po moj izbor), mnogu me interesira kolku ke se drzhite do Vashiot zbor i princip deka pobednikot vo makedonskiot blok partii mora da koalicira so pobednikot od partijata od zaednicata na albancite koi zhiveat vo Makedonija ! Od Vashiot stav, zavisat mnogu stavovi na nas Makedoncite kon Vashata zaednica koja zhivee vo Makedonija, chisto kolku da ne igrame RASIPANI TELEFONI...
do avtorkata, 10.01.2017 06:47:01
Marinela,sekogas se bara maksimum za da izvleces barem 50%,za da napisat mediumite ete omeknal stavot na DUI. No,hronoloski gledano,arnautite osvojuvaat poveke od site makedonci zaedno,so ogled na ne omeknatiot stav,tuku nikakviot stav na makedonskite nacionalni i drzavni interesi.
casablanca, 10.01.2017 09:35:14
Демек нејќеле со Груевски оти бил обвинет од Катица,а Зајко амнестираниот веќе докажан криминалец е идеален за мандатар?!,АЛО се слушате ли што истропавте ?.
Најнови вести