период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 11.01.2017, 17:39

Ирачки командант тврди дека Мосул ќе биде ослободен за три месеци

Ирачкиот командант Талиб Шагати изјави дека операцијата за ослободување на Мосул од Исламската држава би можела да биде завршена за три месеци или порано.

- Можно е Мосул да биде ослободен во тој временски рок - рече Шагати.

Тој истакна дека е тешко да се даде точна процена колку ќе трае операцијата затоа што не станува збор за вообичаена борба, туку за герилско војување. Шагати тврди дека ирачките специјални сили се единствените што можат да се борат против Исламската држава.

- Тие сили се флексибилни и можат брзо да реагираат - рече тој.

Офанзивата за ослободување на Мосул започна во октомври минатата година и во неа учествуваат околу 30.000 припадници на ирачките сили.

Ирачките претставници најпрвин велеа дека градот ќе биде ослободен пред 2017 година, но досега само една третина од градот е под контрола на владините сили.

За да продолжи операцијата за Мосул, Шагати вели дека ирачките сили треба да продолжат да добиваат поддршка и опрема од коалицијата предводена од САД.

Иако Шагати вели дека верува оти почетокот на операцијата за Мосул го обележува крајот на ИД во Ирак, земјата најверојатно ќе се бори со терористичките закани долго откако ИД ќе биде поразена во Мосул, пишува „Еј-би-си њуз“.

#



Останати вести
Унгарија тргнува против Сорос
Во Париз регистрирани 17 радикализирани полицајци
Расистот што уби девет Афроамериканци осуден на смрт
Полицијата во Брисел преку часови за исламот ќе гради пристојни односи со муслиманската заедница
ЦИА вмешала прсти во повеќе од 80 избори во странски држави

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести