период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.04.2017, 21:42

ЗАПАДОТ ГО ШТИТИ СВОЕТО МИЛЕНИЧЕ - ЗОШТО?

Еди Рама ќе прави голема Албанија - НАТО и ЕУ ни да писнат

Откако албанскиот премиер, Еди Рама, лидер на Социјалистичката партија, ја фрли регионалната политичка нуклеарна бомба наречена „тиранска платформа“, ниту еден официјален претставник на Брисел тој дестабилизирачки потег уште го нема осудено. Всушност, Брисел одбра да го штити своето милениче, кое германската канцеларка Ангела Меркел го промовира како свој патрон на Западен Балкан.

Својата заштитничка улога кон ликот и делото на Рама ЕУ ја продолжи и во 45-те дена опозициска револуција во Албанија, предводена од лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој го крена гласот против корупцијата и за тоа го обвини токму премиерот Рама. Изминатите денови во Тирана се изнаредија од ред до ред важни европски политички фаци: Германецот Зигмар Габриел, министер за надворешни работи од редовите на СПД, потоа неговиот холандски колега Берт Kоендерс, шефицата на европската дипломатија, Федрика Могерини, Kнут Флекенштајн, европарламентарец од германската СПД...Дел од нив беа и во Скопје. Но, за разлика од скопската мисија, кога како за главен виновник за политичката криза го прогласија претседателот Иванов и ВМРО-ДПМНЕ како партија која не ги почитува демократските вредности, главната порака по средбите во Тирана е дека опозицијата треба да се врати во парламентот, дека таму е местото за решавање на проблемите, а не на улица.

Но, проблемот е што ЕУ не сака да види дека за танго се потребни двајца, па така не најде зборови за осуда или барем предупредување до Рама. Проблемот во Албанија е што опозицијата не се ни пријави за парламентарните избори во јуни, иако поминаа сите рокови, па тоа би значело дека сегашниот премиер би одел на избори сам. Дали и на ова Европа ќе затвори очи? Дипломатски извори велат дека е очигледно оти Еди Рама ја има поддршката од ЕУ, но тие сметаат дека клучна ќе биде реакцијата на Америка, „која до сега на чуден начин ја нема“.

Америка не се огласи ни откако неодамна Рама ја фрли втората политичка нуклеарка, кога за левичарскиот „Политико“ во интервју кажа дека не може да исклучи обединување меѓу Албанија и Kосово. Ако се земе предвид и тиранската платформа, во која се заговара федерализација на Македонија, никој не бил појасен во барањето создавање голема Албанија од сегашниот албански премиер.

Официјални реакции од Брисел (ЕУ и НАТО) нема, туку само реакција и тоа на новинарски прашања главно од српски новинари. Така, на барање на „Блиц“ да ја коментира изјавата на Рама за обединување на Kосово и Албанија, портпаролката на ЕK, Маја Kоцијанчич изјавила: „Соработката со сите мора да биде рамноправна и најбитно е да се одржат добрососедските односи“. Значи, никаква осуда, а уште помалку закани со воведување какви било санкции (за политичарите од македонската десница веќе се највени санкции од ЕУ) кон Рама заради неговиот вербален напад кој беше многу добро спакуван во интервјуто. Тој таму вели дека спојувањето меѓу Албанија и Kосово ќе биде реакција ако пропаднат европските перспективи за регионот, односно го става целиот регион на маса, а всушност во заднина ја истакнува ултимативната цел. Рама нагласува дека таа цел за една држава е на националистите, но ако земјата нема ЕУ-перспектива и нему не му останува ништо друго, туку да тргне кон остварување на таа цел, како една „отворена опција“.

- Никој не сака да бара мали сојузи, сите сакаат во големата унија. Но, ако нема надеж, нема перспектива, нема место, тогаш, секако, малите сојузи можат да се случат - објасни Рама.

На ваквиот остар тон од Тирана не реагираше ниту НАТО, каде што членка е Албанија, туку „некој претставник“ за српската агенција „Бета“ изјавил дека „НАТО е загрижен заради најновото влошување на безбедносните состојби на Западен Балкан“ и ставил до знаење дека „силно ги охрабрува лидерите во регионот да бидат на висината на своите одговорности и да продолжат на патот на дијалог и помирување“. Тој извор притоа нагласил дека НАТО и другите од меѓународната заедница имаат улога на давање поддршка, но оти решавањето на проблемите во регионот мора да се најде внатре во самиот Западен Балкан“. Секој аналитичар ќе се согласи дека изјави во кои отворено се најавува менување на границите, а тоа значи и можности за вооружени конфликти, изјавата која е провоцирана, а не е реакција, е премногу млака.

-Дали вашето молчење е знак на одобрување? - праша српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој рече дека изјавата на Рама е уште една потврда дека создавањето голема Албанија е заедничка платформа на сите Албанци.

Тој притоа ја праша меѓународната заедница како таа ќе реагирала доколку Вучиќ рекол оти е можно обеднување на Србија и Република Српска доколку не влезат во ЕУ.

- Сигурен сум дека сите ќе се согласеа и ќе речеа дека Србија го загрозува мирот. Затоа ги прашувам ЕУ, САД, Велика Британија и другите до кога ќе молчат кога некој ја загрозува Србија. Или молењето е знак на одобрување - прашува Дачиќ.

АНАЛИЗА НА „АМЕРИKАН СПЕKТАТОР“

До кога Америка ќе ја толерира Соросовата мрежа во Албанија?

„Американ спектатор“ во специјалната анализа за Албанија, за парите што ги добива од канабисот и за активностите на Сорос завчера објави нова анализа под наслов „До кога САД ќе ја поддржуваат социјалистичката мрежа во уметнички криминалната Албанија“. Очигледно дека авторот на анализата намерно го вметнал зборот „уметничка“ знаејќи дека премиерот Рама е сликар, кој откако стана премиер стана и познат сликар со изложби во Њујорк или во Хонг Kонг. И покрај тоа што по изборната победа на Трамп, Рама изјави дека „тоа ќе ~ наштети на Америка и на светот“, тој и понатаму користи голема американска помош преку програмите на УСАИД, наведува аналитчарот Виктор Гаетан. „Тој дури манипулира и со добранамерната американска амбасада, иако земјата ја носи кон дното додека од друга страна предизвикува хаос во соседна Македонја - наведува Гаетан.

Авторот на анализата го цитира професорот од Универзитетот во Њујорк, Шинаси Рама, кој не е во роднински врски со премиерот, кој потврдува:„Албанија тотално и целосно е корумпирана, криминална до коска, една мафијашка држава“. Професорот смета дека во последните 25 години албанската држава е пропаднат проект, експериментално глувче, а тука пред с` се мисли на дејанијата на администрацијата на Бил Kлинон и на Барак Обама.

Христо Ивановски

#



Останати вести
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Тужба против Џес Бејли и УСАИД
Mешање на странски држави и ерозија на државноста
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа
Неопходно е единство и формирање на институциите
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
razocaran, 19.04.2017 22:25:16
Само Рама нека проба па ќе виде што ќе го снајде
од мене, 19.04.2017 22:33:19
Ако го нема Рама,ќе нема дрога за пушење. Западните и про западните демократи се зависни од неа.
ЗА ПАРИ, 19.04.2017 22:46:25
Зарем некој на запад има нешто помило од тие пусти ПАРИ. За жал некои и кај нас не се ништо подобри, што би рекле - окорели западњаци.
Kako ce pisnat koga ova e Proekt e na NATO od 1990 godina, 19.04.2017 22:50:42
Zarem ne vi e jasno. Toa e zacrtano vo site planovi geostrateski na NATO od 1990 godina navamu, a EU samo sledbenik na NATO. Znaci celiot proekt ne na Rama, tuku na NATO i EU.
NATO i EU ne komentiraat izjava na Premierot Rama za mozno sozdavanje Golema A;banija..., 19.04.2017 22:54:00
Zatoa sto megju drugoto Albanija bese sojuznik so HITLEROVA Germanija vo II svetska vojna.
DLM, 20.04.2017 00:05:59
Морав да го читам целиот текст за да најдам некаква порака.... Добро еве едно прашање кога и каде вие најдовте левица во Македонија и каде е таа, јас 25год. барам и не можам да најдам! Ова е сосема во склад со мојот став дека секој оној кој долева масло и инсинуира дека проблемите во Македонија се од идеолошки карактер е соработник и платеник на странски интереси од едноставна причина што проблемите со кои се соочува Македонија се од егзистенцијална природа односно дека се работи за стратешки интерес од национален карактер за опстанок на Македонската држава! како појаснување, ако мислевте дека СДСМА е левица како тоа таа во своите „реформи“ предвидува кеширање на приватни фирми во Македонија (доделување на пари од буџетот на капиталисти), овие од ВМРО-ДПМНЕ барем тоа не го затскриваа тие директно ги даваа на странски стратешки инвеститори како оној индиецот и сл, а ове глумат лудило.....
DLM, 20.04.2017 00:17:41
Ако пак го анализираме аспектот на македонските состојби, регионалните игри па и оние бранови кои доаѓаат од далеку, можеме да заклучиме дека вам навистина не ви е јасно што се случува во Македонија кој е диригентот кој е оркестарот а кои се во публиката! Интересно не ми остававте таков впечаток дека до толку не можете да ги препознаете главните актери, или пак користите терминологија на која јас интелектуално не сум и дораснат, нешто од тие две работи е сигурно. Повеќе од деценија(откако лешинарите собраа се што можеше да соберат од поранешниот социјалистички лагер) тнр запад има евидентна стагнација и раст околу нулата, балонот е пренадуван и само со инфлаторни мерки (како оноаа на еу-банката која на месечно ниво вшприцува по 60 милјарди) се сокрива реалноста, се отвараат регионални судир за сето тоа да се прикрие, комунистичка Кина го зазеде првото место во економијата и што мислите зошто сето оваа се прави - ресет, се штима голем ресет! а прашањето е дали тој ресет ќе се изведе как
xxxx, 20.04.2017 05:52:27
pa zasto se cudite svetot se vrti.site znaeme i sme svesni.patron bil i ke bide bilo koj i da e dali EDI RAMA.dali druga licnost bitno dojde veke vreme za zal vie ste vo zabluda sega.AMA EDNO DA ZNAETE MORAAA DA BIDAT PRIFATENI ALBANSKITE BARANJA VO MK.moze ke se vleckate uste .ama ima koj da ve stisne i sankcionira.zatoa epten e blisku da bide ALBANSKATA PLATFORMA TOA E NASA ALBANSKA PLATFORMA .DALI TIRANSKA DALI PRISTINSKA DALI E SKOPSKA .BITNO MORA DA SE PRIFATI.
Stranec, 20.04.2017 06:44:20
A zosto da pisnat? Rama ne bi kazal ili napravil nisto bez nivna dozvola. Kako sto gledame, mnogu dobro funkcionira Patot na Heroinot - od Afganistan pa preku Bliskiot Istok (koj e pod kontrola na USA) pa preku Turcija (NATO) pa preku kosove I squip pa za Italija I Zapadna Evropa. Sekoj si dobiva del od profitot I zasega nema potreba nesto da se menuva. A samo ako slucajno aljbanija se granici so Turcija - e toa bi bil son na sekoj golem NARKOSHEF... e toa e proekt so amanet od Brisel I Washington. Tamu se golemite pari!!!
Prodan, 20.04.2017 07:23:34
Edi Rama ke pravi ... (citat). Zosto nitu eden novinar, pa i politicar, taa takanarecena tiranska platforma ne ja oslovat so vistinskoto ime BRISELSKA PLATFORMA. Zatoa Brisel i Vasington ne reagiraat na nitu edna izjava na Edi Rama. Znaci: Briselska platforma ispratena vo Makedonija preku Tirana i ja narekoa tiranska platforma samo EU i SAD da ostanat so cisti race. 6352
Niki, 20.04.2017 08:25:50
1. Ако албанскиот претседател заговара прекројување на граници, а Албанија е дел од НАТО, не може, нити треба да се очекува осуда од НАТО, туку треба загрозените (Македонија, Србија...) да реагираат до НАТО бидејќи оваа закана доаѓа од НАТО. Најмалку да не очекуваат НАТО - да се критикува самиот себе на наша сметка - во наша корист. НАТО е пред се организација која ги штити своите членки, а потоа интересите на членките надвор од границите, за на крај да „извезува мир“ - така да не може да се очекува ништо добро - камо ли осуда на сопствена членка. Ако ја осудат утре ќе добијат вето од Албанија на секоја одлука. 2. Ама ако веќе може да правиме излети, тогаш Република Македонија ќе ги „прекрои границите“ (избрише) и ќе се спои со Пиринска и Егејска и конечно Македонија ќе се обедини само ако влезе во ЕУ. Е затоа се сите војни, терористи, ултиматуми, блокади, санкции - за тоа да не се случи. А очигледно е дека ако сакаа Албанците како и Македонците (веројатно и Србите) мирно да се обеди
??, 20.04.2017 09:56:11
Zoshto, kakvo prashanje. Treba da se gleda so bespristrasni oci shto vsushnost e NATO i EU. Koja sila stoi pozadi niv i shto saka da postigne. Koga toa ke se doznae, togash ke se doznae i zoshto e taka. Hint: na balkanot samo Makedonija i Srbija voglavno se vodeni od masonite, a drugite od roman-katolicite, t.e. jezuitite. No i toa ke se promeni zoshto ima povozvishena agenda od ova.
Најнови вести