период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 20.04.2017, 14:44

Кражби во казино и обложувалница во Скопје и Прилеп

Од казино во Скопје и спортска обложувалница во Прилеп вчера непознати сторители со закана со пиштол извршиле разбојништва при што биле одземени вкупно 64.000 денари.

Како што информира МВР во дневниот билтен, вчера во 8:50 часот било пријавено дека во казино на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје непознат сторител со закана со пиштол од вработените одзел околу 30.000 денари, по што побегнал во непознат правец.

Во спортска обложувалница на улица „Цар Самоил“ во Прилеп, вчера во 21:30 часот, двајца непознати маскирани сторители со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената. Тие ја затекнале вработената пред влезот на обложувалницата, ја  турнале внатре и од касата одзеле 34.000 денари, по што побегнале во непознат правец.

Како што соопшти МВР, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на двата случаи.

#



Останати вести
Украдените пари од НЛБ со „голф“ пренесени во Србија
Поднесено обвинение за случајот „Транспортер“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести