период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 11.01.2017, 15:13

Илинден набави две комунални возила

Општина Илинден набави две специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Возилата се со капацитет од 22 и 8 метри кубни и чинат 14 милиони денари.

Градоначалникот Жика Стојановски му ги предаде возилата на директорот на комуналното претпријатие „Илинден“ Сашо Саздовски.

- Со набавката на двете нови возила „ивеко“ значително се подобрува постојниот возен парк на општинското јавно комунално претпријатие „Илинден“, кое сега се состои од 12 комунални возила - камиони за собирање и транспортирање смет, цистерни за фекална канализација и вода и други помошни комунални возила. Ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на 60-те вработени во претпријатието – велат од Илинден.

Пред две години општината набави специјално возило за зимско одржување на улиците и патиштата.

#



Останати вести
Поради нерасчистените улички, ѓубрето стои во кантите
Ќе се прават засолништа на уличните животни
Пунктот за бездомници отворен 24 часа додека трае студениот бран

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести