период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 11.01.2017, 16:06

ФУДБАЛ - НА ОДЛУKАТА ОД ФИФА РЕАГИРАА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ KЛУБОВИ

Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука

Поделени се мислењата за одлуката на ФИФА завршницата на Светското фудбалско првенство во 2026 година да се одржи со 48 репрезентации наместо со досегашните 32. Меѓу првите што се јавија со негодување на веста од Цирих е и Асоцијацијата на европските професионални клубови (ЕKА).

- Не ја гледаме оправданоста на одлуката за да се смени форматот со 32 репрезентации кој е добра формула. Останува отворено прашањето зошто избрзаа луѓето од ФИФА со донесувањето на ваквата одлука десет години однапред. Оваа одлука е донесена од политички причини, а не од спортски мотиви. Оваа е изнудена одлука со политички притисок поради што искрено жалиме. Нашите наредни чекори ќе ги дефинираме на наредниот состанок - се вели во соопштението на ЕKА, која уште во текот на минатиот месец доби отворена поддршка од гигантите како Барселона, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Баерн... да не се согласува со идејата што ја форсира новоизбраниот претседател Џани Инфантино, кој за ваквата измена се залагаше во предизборната кампања пред една година.

На мундијалот во 2026 година прв пат во историјата на овој спорт ќе играат 23 отсто од репрезентациите што се членки на ФИФА (моментално членуваат 211). На завршницата селекциите ќе бидат поделени во 16 групи со по три тима по што првопласираните две од групната фаза ќе продолжат во нокаут-фазата.

- Ги убивте Светското првенство и фудбалот! Парите го победија фудбалот - се само дел од реакциите на незадоволните навивачи од потегот на ФИФА.

#



Останати вести
Kавга меѓу играчите и раководството на Барса причина за непојавувањето во Цирих
УЕФА го казни Партизан со неиграње во Европа поради финансиски долгови
Реал го пушта, Родригез не сака да биде најскап играч во светот
Шарапова се враќа на терените во април во Штутгарт
Седум години казнет со неиграње тенис поради наместен меч
Битолчани донесоа уште еден Бразилец
АТП ќе организира завршен турнир за млади за да се подготви за смена на генерацијата
Лазаров: Без математики, можеме да се справиме и со најсилните селекции
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Салата во Битола се реновира, Пелистер во Челинџ-купот два пати гостин на Спортинг
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести