период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 21.04.2017, 15:12

Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување

Во близина на Постојнска Јама, една од најголемите пештери во Европа и туристичка дестинација во Словенија се откриени реликти на „темната страна“ од заедничкото југословенско минато. При реконструкција на хотел изграден во 1969 година, новиот сопственик зад еден ѕид наишол на скриена, заклучена челична врата. Kога била скршена, се покажало дека има четири простории во кои слојот од прав укажувал дека не биле користени со децении.

А внатре имало стар мебел, телефони, шифрарник и упатства за користење на опремата.

Истражувачот Игор Омерза вели дека станува збор за еден од центрите за прислушување на Удба, тајната политичка полиција на СФРЈ.

- Тито престојувал во овој хотел, многу странски туристи, а доаѓало и локалното население.

На пронајдените машини пишува хотел „Јама“, а каблите водат кон хотелот, па е очигледно дека собите биле озвучени. Не верувам дека Тито бил прислушуван, веројатно не би се осмелиле на такво нешто, но с` е можно. Мислам дека се прислушувани пред се странските гости кои со него се наоѓале тука - вели Омерза.

Според него, имало дури 45 такви локации во градовите во Словенија.

#



Останати вести
„Парамор“ се враќа со нов албум
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Пренаселеноста и нискиот наталитет ќе бидат најголемите проблеми на 22 век
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести