период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 10.01.2017, 21:00

СТАВ НА АХМЕТИ ОТКАКО ГРУЕВСКИ ГО ДОБИ МАНДАТОТ

Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори

 

Доколку ниту една партија не ја прифати платфoрмата на Албанците, не е исклучена можноста да има и нови избори, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервјуто за ТВ 21, еден ден откако претседателот Ѓорге Иванов му го даде мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Зошто да не. Сигурно дека неприфаќањето на платформата од кој и да било политички субјект ја носи земјата кон нови избори“, изјави Ахмети.

Од ДУИ и денеска соопштија дека преговорите за формирање нова владина коалиција се' уште не се почнати, но очекуваат Груевски како мандатар да ги покани на разговори. Ахмети, најави дека ќе преговараат со партијата што освоила повеќе пратенички мандати, односно со ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги демантираше информациите дека паралелно воделе преговори и со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ.

„Сите тие гласини ги отфрлам. Навистина се неосновани затоа што немавме ниту една официјална средба“, вели Ахмети.

Во ДУИ се прилично претпазливи и одбиваат да дадат какви било процени за исходот од преговорите. Прво велат дека е рано, преговорите уште не се почнати и дека се' уште се прават внатрепартиски анализи.

Но, нагласуваат дека заедничката платформа на Албанците ќе биде на преговарачка маса. Доколку се усогласат околу платформата, но и за предизборната програма на ДУИ, тогаш нема да има пречки повторно да формираат владина коалиција. Но, доколку нема успех во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ најавуваат дека ќе бидат отворени за преговори и со СДСМ, доколку ВМРО-ДПМНЕ не успее да обезбеди мнозинство од 61 пратенички глас.

#



Останати вести
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите
Голема Албанија, голема Србија и голема Хрватска со поделба на Македонија како решение за Балканот
Kоцијанчич: Новата влада да има широка политичка поддршка
Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег
Груевски со поддршка од коалициските партнери

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
risto, 10.01.2017 21:15:22
apeliram do G- GRUEVSKI, nisto da ne prifaka, a nie ke pobedime uste tripati ako treba, MAKEDONIJA ne e zaeden den, niti za edna upotreba.
не е коментар, туку забелешка за грешка, 10.01.2017 21:45:09
Имате грешка, сте пишале „Тој ги демантираше информациите дека паралелно воделе преговори и со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ.“ Треба да стои СДСМ наместо ДУИ.
Od Italia, 10.01.2017 23:33:42
Ovaa platforma znaci nepostoenje na Makedonija i iseznuvanje na makedonskiot narod i negoviot identitet. Vasata namera e jasna -osvojuvanje na tugji teritorii bez vojna. Nie druga Makedonija nemame a vie ja imate Albanija
Od Italia, 10.01.2017 23:45:59
Jasni ste kako den, nesme iznenadeni. Zagrizuvarko e samo odnesuvanjeto na nekoi nasi opinjonisti(makedonci ), bivsi politicari i se znae SDS koi koga se izrazuvaat za ovaa platforma ispagja kako da se raboti za edno parce zemja od nivnite predci podareno vo nekoe zapusteno selo bez vrednost a ne za Makedonija.
исток, 11.01.2017 00:21:47
Да не беше Груевски до сега ти во депонија ќе беше. Абдал еден.
Od Macedonec, 11.01.2017 04:31:16
Pocituvani gospodine Nikola Gruevski.Dosta bese pazarenje nema poveke odstapki,nikoe malcinstvo vo sveto nemalo i nema da ima poveke prava od siptarite vo Macedonia.Dokolku prifatite novi otsapki ovoj pat so sigurnos ke ja izgubite podrskata uste od pogolem broj Macedonci.Dosta bese.
Бог, 11.01.2017 05:22:07
Стигнавме помилуван терорист да си подигрува и повторно прети на цела Македонија само затоа што нашите безрбетници, великопредавници, не направија тоа што Уставот и законите им наложуваа. Сиктер нека оди и Устав и закони, непријателот крена пушка а нашите гниди ја предадоа Македонија. Добро ајде, имаме гниди како и многу држави, но каде беше народот да се крени и да не дозволи рушење на својот светол АСНОМ? За резил. Цел свет не виде дека сме мо#ков#. Каде пишува сега дека некоја мала скапана партија одлучува дали ќе има влада. Каде пишува дека мора да постои сојуз помеѓу Македонска и Албанска партија? Оној лажниот патриот вели ако не изиграат ќе запамтиме. Клоуни.
Најнови вести