период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 21.04.2017, 15:10

Две години по апсењето во Kопенхаген

Македонски државјанин протеран од Данска поради сексуални напади врз 22 жени

Македонскиот државјанин Б.И. (34) е осуден на 4 години затвор и трајно протерување од Данска откако беше обвинет дека сексуално напаствувал 22 жени во Kопенхаген во 2015 година. Kако што „Дневник“ веќе пишуваше, манијакот кој е познат како Лижачот, во април лани успеа да избега и од психијатриска болница каде што бил затворен по нападите, но потоа, два дена по бегството, самиот се вратил во установата.

Нашинецот бил уапсен во декември 2015 година, а во јавноста бил познат како Лижачот бидејќи жените што ги напаѓал ги бакнувал и ги лижел по лицето.

Иако првично се спомнуваше бројка од 50 жени кои биле жртви на манијакот, од кои дел и наводно биле силувани, Б.И. на крајот бил обвинет за напад на 22 жени во Kопенхаген. Тој бил ослободен од обвинение за обиди за силување, иако во обид да силува една од жените во нејзиниот стан и го скршил носот. Но, бил прогласен за виновен по сите основи за кривичните дела за непристојно изложување во јавноста и за незаконска присилба.

Адвокатот на Б.И., пак, барал и очекувал од судот да биде досудена казна од три години затвор, но сепак ја прифатиле и нема да се жалат до Врховниот суд.

Македонецот со нападите почнал минатата есен во неколку поврзани квартови во Kопенхаген, а бидејќи истите се повторувале во наредниот период полицијата апелирала до девојките и жените да бидат внимателни, да не излегуваат сами навечер, како и дека напаѓачот е опасен.

На медиумите била објавена и мапа, односно дел од градот во кој се случиле нападите и кои жените требало да ги избегнуваат во вечерните часови. Осомничениот нападите ги изведувал во вечерните часови, а претходно избирал жени што само се движеле низ градот. Тој чекал погоден момент да ги запре, по што ги фаќал за градите и ги бакнувал или најчесто им ги лижел лицата. Во најмалку два случаја тој се обидел да има сексуален однос со жртвите.

По апсењето нападите во тој дел на градот престанале, но не се докажало дека македонскиот државјанин е виновен за нив. Имало случаи кога осомничениот во текот на една ноќ напаѓал и по три жени. Освен на улици, осомничениот напаѓал жени и во влезови, како и во еден случај во стан. Насилникот бил уапсен на почетокот на декември под сомнение за пет сексуални напади, но судот го ослободил поради недоволно докази.

Обвинителството се жалело на одлуката до Врховниот суд, по што манијакот пак бил уапсен, иако негирал дека е виновен. Таа есен во Kопенхаген биле пријавени околу 120 сексуални напади за кои, според описот на жртвите, осомничен бил маж на возраст меѓу 25-35 години и по потекло од средна или југоисточна Европа. Насилникот зборувал дански со акцент и англиски јазик. На почетокот по пријава од помлада девојка бил уапсен маж на возраст од 43 години со потекло од Северна Африка. На девојката Африканецот ~ се видел сомнителен, па го уапсил, но бидејќи неколку од жртвите не го препознале како напаѓачот, тој бил ослободен. Подоцна бил уапсен и Бугарин на возраст од 29 години, кој се препознал на фотографија објавена од полицијата на која се гледа човек со црна јакна за кого се верува дека е манијакот. Тој тврдел дека нема врска со нападите, а имал алиби за неколку напади за кои неговиот работодавец потврдил дека бил на работа, па не можел да ги изврши, по што и тој бил ослободен.

Треба да им плати на жртвите отштета од 25.000 евра

Обвинетиот Б.И. во судот во Kопенхаген се појавил во апостолки и иако многу се потел, бил релативно мирен. Тој дури и го прашал судијата за да му разјасни кој треба да им плати отштета на жените откако судот одредил да им плати обесштетување на жртвите во износ од 175.000 круни или 25.000 евра, па судијата му одговорил на Б.И. дека е токму тој што мора да плати.

Обвинетиот, пак, пред судот се правдал дека е болен во главата и тоа било причина поради која се обидувал да ги бакнува жените низ Kопенхаген.

Сепак, вештачењето на психијатрите покажало дека тој не е ментално болен и оти е со нормална интелигенција, но на долно ниво.

Игор Шегавиќ

#



Останати вести
Општина Карпош побара истрага за пожарот
„Парамор“ се враќа со нов албум
Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување
Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо
Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Да го спасиме срцето на Миа
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Ученик нападнал наставник во училиште во Симница
Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија
Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак
Познат идентитот на напаѓачот од Шанзелизе
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Протестен марш за „Заедничка Македонија“ во Скопје по 53-ти пат
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести