период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 09.01.2017, 17:25

Малолетен илегалец прободен со нож

Малолетник од Иран, кој заедно со група илегалци се криеле во кумановското село Лојане, бил прободен со нож во грбот, информира МВР. Полицијата вчера во селото Лојане пронашла група од 12 мигранти, а меѓу нив бил и 16- годишникот кој бил во придружба на својот 34-годишен брат.

Откако биле откриени, полицијата ги однела илегалците во транзитниот центар „Табановце“. Таму било утврдено дека малолетникот имал повреда на левата страна на грбот нанесена од нож.

Лекар од Црвениот крст во центарот му дал медицинска помош на малолетникот, а полицијата го истражува случајот.

#



Останати вести
Притвор за таткото што ја силувал 12-годишната ќерка
Вооружени разбојници ограбиле обложувачница
Тетовка грабната од поранешното момче
Условен затвор за инспектор и началник фатени со лажни професорски дипломи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести