период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 19.05.2017, 16:54

Австриско гратЧе одбива да прифаЌа мигранти

Стоп за азилантите криминалци

Еден град во Австрија одби да прифаќа „бегалци“ откако три мигранти групно силувале на 15-годишно девојче.

Девојчето било на пат кон дома, вечерта на 25 април, кога била грабната и „брутално силувана“, се вели во официјалните извештаи. Осомничените се две лица од Сомалија и еден Авганистанец. Градоначалникот на инцидентот одговори со допис со кој се информира австриската влада дека Тулн нема да прифаќа бегалци.

- За мене, постои нулта толеранција против барателите на азил кои ги злоупотребуваат и кршат законите на земјите што ги прифатиле. Со оглед на тоа што овие криминалци му направија на девојчето, ќе се инсистира на целосна и сериозна примена на законот - изјави Петер Еисенхенк.

Kристијан Хафенекер, советник од Партијата на слободата, прашува зошто властите не ја информираат јавноста за инцидентот и по речиси еден месец, изложувајќи ги граѓаните на ризик. Според него, безброј случаи веќе покажуваат дека мигрантите и претежно мажи муслимани, под превезот на азил претставуваат неконтролирана опасност. Според тоа, не е јасно зошто населението во Тулн не беше веднаш предупредено од полицијата за случајот.

Ова не е прв случај Австрија да биде подложена на „културен шок“ особено со последниот бран новодојдени. Имено, ирачки бегалец кој силувал 10-годишно момче на базен во Виена, беше ослободен од вина откако судиите утврдиле дека детето се согласило на чинот. Мигрантот на полицајците им изјавил дека неговиот напад на момчето бил поради „сексуална вонредна состојба“, бидејќи тој немал односи цели четири месеци, па затоа и не се обидел да избега од местото на нападот бидејќи сметал дека тоа е совршено прифатливо однесување, пишува „Инфоворс“.

#



Останати вести
Kоалицијата предводена од САД нападна положби на сириски трупи
Оџите ќе ги повикуваат верниците на гласање
Џулијан Асанж наскоро на слобода
Напаѓачот од Тајмс сквер слушал гласови и бил под дејство на дрога

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
GRAGANIN, 21.05.2017 06:27:37
TIE SILEGJIJI TREBA NAJSTROGO DA BIDAT KAZNTI I PROTERANI ZASEKOGAS OD ZEMJA KOJ IM PONUDILA GOSTOPRINSTVO.
Најнови вести