период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 19.05.2017, 15:34

ВРЕМЕПЛОВ: KАН НИЗ ФОТОГРАФИИ

Незаборавни моменти на славниот фестивал

Филмскиот фестивал во Kан се случува по 70. пат, и вистински престиж е да се биде дел од гламурот што го создава присуството на ѕвездите од светот на филмот и музиката.

Традиционално, фестивалот меѓу гостите ги има најдобрите, најатрактивните ликови што максимално професионално се вклопуваат во треската што Kан го прави да е - друга планета: се позира, се делат автограми, се бара билет повеќе за проекции и забави...

И така, од година на година - „Kроазета“ е преполна со актери, режисери, продуценти од сите страни на светот, сите се во трка, а уште и пред официјален старт луѓето со своите столици чекаат од другата страна на црвениот килим и тоа само да фатат подобро место и да ги видат ѕвездите.

Филмскиот Kан е еден од најважните настани во годината за познатите личности, место каде што никогаш не недостига гламур и токму затоа, критериумите на црвениот килим стануваат с` повисоки и повисоки, а дамите со својот избор на креации настојуваат да ги задоволат вкусовите на модните критичари, што е тешка задача, особено во обидот да се биде поинаков од другите, а истовремено да се одбегнат - злите јазици.

Сепак, искуствата се транспарентни и тие велат, најдобро решение е да се игра на сигурно и да се одбере креација од врвен бренд, што е атракција сама по себе. И тогаш с` е на место - импресивни тоалети на црвениот кански килим кои уште повеќе ги истакнуваат холивудските убавици кои блеснуваат во прекрасни вечерни тоалети што го прави овој фестивал единствен и автентичен.

Така е сега а тој принцип владеел и децении наназад: голема е желбата да си виден, а уште повеќе да си дел од забележаната историја на фестивалот.

#



Останати вести
Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски повторно ќе се спојат со песна
Александар прво се врати од странство, а потоа и во мојот живот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести