период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 26.12.2016, 12:30

НЕГА

Масла и маски го намалуваат целулитот

Масла и маски за нега на кожата може да се комбинираат со масажа и други методи против целулит. Благодарение на моќните природни состојки, овие масла се ефикасни во намалување и елиминирање на тврдоглавиот целулит. Тие исто така може да послужат и како помош во излачување на токсините и вишокот течност од телото.

МАСКА ЗА ТЕЛО СО СПИРУЛИНА И БАДЕМОВО МАСЛО

Оваа маска ќе ги отстрани отровите акумулирани под кожата, ќе ја измазни површината и ќе го намали ефектот на "кората од портокал".

Природните состојки од бадемовото масло ќе ~ помогнат на кожата да биде понежна, помека и поеластична.

Состојки:
2 чајни лажички спирулина во прав
100 мл бадемово масло

Измешајте ги состојките во изедначена смеса. Втријте го кремот 5 минути на проблематичните области, а потоа оставете го уште 20 минути да дејствува.
Исплакнете со топла вода.
Овој третман може да се прави 1-2 пати неделно.

МИРИЗЛИВИ ПЕРНИЧИЊА

Моќните природни состојки од оваа мешавина на билки и масла ќе ви овозможат брза детоксикација и ќе ви помогнат да отстраните голем дел од целулитот за само три недели.

Состојки:
1 лажичка цветови лаванда
1 лажичка рузмарин
1 лажичка цимет
4 дцл бадемово масло
стерилна газа или памучна ткаенина

На стерилна газа или чиста памучна крпа ставете лаванда, рузмарин и цимет и затворете го перничето.

Бадемовото масло загрејте го на пареа и со тоа натопете го перничето. Оставете 5 минути за да се апсорбира маслото. Потоа нежно процедете го.

Со перничето масирајте ја зафатената област, комбинирајќи со моќни и нежни движења, во текот на 5 минути. Потоа не плакнете, туку оставете го на кожата.

Правете го овој третман 3 пати неделно.

МОЌНА МАСАЖА СО ХРАНЛИВИ МАСЛА

Квалитетните масла во оваа комбинација на природни состојки против целулит ќе ~ обезбедат на вашата кожа сјај, затегнатост и ќе ја елиминираат видливоста на "перничињата" на површината на кожата.

Во исто време, длабински ќе ја негуваат вашата кожа, ќе ја заштитат од оштетување и неправилности, ќе ја стимулираат циркулацијата и ќе ги намалат црвенилото, иритацијата и болката во областите зафатени од целулит.

Состојки:
30 мл ладно цедено масло од семе од грозје
3 капки етерично масло од грејпфрут
3 капки есенцијално масло од рузмарин
2 капки етерично масло од лимон
5 капки етерично масло од лаванда

Помешајте ги маслото од семки од грозје со етеричните масла за да добиете еднолична смеса за масло за масажа.

Благо навлажнете ја кожата и масирајте ја зафатената област 20 минути, со силни кружни движења, од глуждовите нагоре, во комбинација со други методи на масажа.

Исто така може да користите посилни движења со "стискање" и притисок на кожата, бидејќи важно е третманот да е интензивен. Користете ја оваа метода 1-2 пати неделно.

(Е.Т.Е.)

#



Останати вести
Неколку знаци дека страдате од празничен стрес
Супите и медот - здрава увертира на зимското мени
Продолжениот режим на хормонална контрацепција го одложува месечното крвавење
Масло од кучешки трн - сојузник на вашето здравје и убавина
Ублажете ги симптомите со кромид, жолчка и банани
Босилек за здраво срце

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести