период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Македонија
Датум: 11.01.2017, 14:54

Целосно ќе бидат обновени улиците во Чалошево и Мамутчево

Улиците во населените места Чалошево и Мамутчево во Велешко целосно ќе бидат реконструирани. За таа цел градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, во присуство на претставници од месните заедници од овие две села деновиве потпиша договор со фирмата „Изгрев инженеринг“ за реализација на проект за реконструкција на улиците во Чалошево и Мамутчево.

Вредноста на проектот изнесува речиси 12 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Светска банка. Со проектот се опфатени речиси сите улици во овие две населени места. Во Мамутчево ќе се асфалтираат седум улици во вкупна должина од 1.007 метри. Во Чалошево, пак, проектот опфаќа асфалтирање улици во должина од 1.062 метра.

Градоначалникот Чадиев истакна дека проектите се дел од заложбите на општина Велес за подобар живот на населението во сите села од велешкиот регион.

- На овој начин Општина Велес трајно ќе ги реши инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат жителите во овие две населени места. Меѓутоа, освен во овие, предвидени се проекти и во останатите рурални средини - најави Чадиев.

#



Останати вести
Во Kочани повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
Цевководот што го оживеа Дојранското Езеро ќе произведува струја
Kопаничарот Новица седум години ја резбал целивалната

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести