период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 17.02.2017, 13:53

ЗОРАН ЗАЕВ

Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот што бил испратен како предлог од ДУИ врз основа на претходните содржини што во Мала Речица ги испрати Социјалдемократскиот сојуз.

– За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од било која малцинска заедница. Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните. Со вака широко доставени рамки не знаеме кога ќе донесеме одлука. Како што реков предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме – изјави Заев.

Во однос на пробивањето на роковите за формирање на нова влада, Заев истакна дека верува дека треба да се изнајде брзо решение, а причина повеќе за тоа се роковите за локалните избори кои треба да ги забрзаат преговорите помеѓу политичките субјекти

– Правниците повеќе се упатени, но мислам дека од 70 до 90 дена е рокот за распишување на локални избори. Крајот на февруари или почетокот на март тие веќе треба да се распишат за да се одржат околу 7 или 14 мај. Оттука формирањето на влада е потребно што побрзо – рече Заев.

#



Останати вести
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Ахмети ќе му испорача на Заев закон за официјализирање на албанскиот јазик
Во Европа не постои унитарна држава со два официјални јазика на целата територија
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести