период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 21.04.2017, 19:06

ДОНЕСЕН „МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ДОКУМЕНТ“

Основно барање - предвремени парламентарни избори

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ како што најавуваше, денес ги соопшти своите пораки. Богдан Илиевски и Борис Дамовски од иницијативата ги прочитаа барањата од, како што рекоа македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“, чиј текст интегрално ви го пренесуваме во продолжение.
 
Нашето движење остварува победи во континуитет! Со нашите срца и души, со разум и мудрост, со сила и храброст – ја победуваме Тиранската платформа

-го победуваме нивниот план за тиранскиот претседател на Собранието

-ја победуваме планираната тиранска Влада која никогаш нема да се оствари

-го победуваме нивниот план за промена на името, знамето, химната, грбот

-ја победуваме идејата за кантонизација, федерализација и разнебитување на Македонија

-ја победуваме нивната перверзија да не прогласат за геноцидни луѓе

и затоа денес на 21 април 2017 година го претставуваме граѓанското решение за излез од кризата:

ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!!!

Бараме предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава!!!

Од денес натаму ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме

НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!

ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!

И сакаме да порачаме јасно и гласно

ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ЈА ИМА! ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА!

Ние сме убедени дека изборите се најдоброто можно решение за дефинитивен крај на политиката и институционална криза во нашата татковина. И ние сме сигурни дека ќе ја оствариме нашата цел. И ние порачуваме избори ќе има! Избори веднаш!

Нашата цел ќе биде остварена. За нејзино остварување имаме предвидено прецизни чекори кои

ќе почнеме да ги соопштуваме од следната недела.  Ние имаме предвидено и прецизни методи и активности со кои ќе стигнеме за реализација на оваа цел. Демократски методи, базирани на разум и мудрост, и базирани на сила, на силата на мудроста и силата на народот во македонските градови и села.

Бараме и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентрани избори во Република Македонија!

Стратегијата не ја откриваме во целост, но стратегија имаме, исто како и оперативни и технички и тактички можности за таа стратегија да ја оствариме без разлика на противникот во земјата и  надвор од земјата!

Ќе отпочнеме консултации со сите релевантни општествени субјекти, ќе ја побараме и ќе ја добиеме нивната поддршка затоа што имаме благородна цел. Избори! Избори за народен легитимитет на институциите! Избори за отфрлање на разнебитувачките сценарија и отфрлање на соросовите пари за корумпираните политичари и нивните полуги. Оваа држава не е лична своина на било кој амбасадор, странска организација, емисар или тесна политичка клика, оваа држава е на народот!

ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!

Ние сме дел од најмасовните, најголемите и најмоќните протести во историјата на Македонија. Ние не сме тука да ја објаснуваме демократијата – ние сме тука да ја обезбедиме демократијата! А изборите се врвот на демократијата! Ние ќе обезбедиме избори! Народот вели избори! Нема повлекување! Избори во Република Македонија ќе има!

Македонија силна, единствена, заедничка!

#



Останати вести
Наместо почит, Македонија од ЕУ добива закани
Словените од зад Kарпатите никогаш не стигнале на Балканот
Германци купуваат потковици за среќа од Пехчево
Доколку ЕУ се двоуми со Балканот, други ќе преземат ангажмани

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Egeec, 21.04.2017 19:42:19
Istovremeno inicijativata za zaednickka makedonija da se pretvori vo politicka partija koja ke zeme ucestvo na predvremenite izbori. Nitu edna od makedonskite postoecki partii nesmee povtorno da se poigruva so grakjanite na makedonija. Sakame cesna vlada koja ke raboti vo interes na makedonija.
прашање, 21.04.2017 21:34:51
Барате избори на кој народот ќе ја отфрли тиранската платформа? А што ако на изборите народот не ја отфрли тиранската платформа? Пак ќе барате нови избори? До кога? Додека народот не ја отфрли тиранската платформа? Ако народот на никој од тие избори не ја отфрла платформата, што тогаш? Што ако на ниту едни избори во иднина ВМРО не добива мнозинство да формира влада? Што ќе правите тогаш? А што ако по изборите некоја друга група како вашата побара нови избори како што вие барате? Дали во Македонија до бескрај ќе се одржуваат избори затоа што некој незадоволен од избрите бара нови избори? СМЕШНИ СТЕ!
Od Italia, 21.04.2017 22:09:00
Jasno i glasno za sekogo. Unitarna Makedonija nepostoi sila na koja ke i dozvolime da ja unistat pa ako treba i po cena na vistinski cetvrti Ilinden. MAKEDONIJA VECNA !!!
antifasist, 22.04.2017 02:07:50
Amin.
samo izbori se izlez od tunelot, 22.04.2017 09:12:08
taka e, izbori se edinstve n demokratski nacin i sredstvo za izlez od situacijata. ek mora da bidre neprisstrasna i so dvojni standardi, vo bugarija borisov raspisuva izbori na sekoi 6 meseci, hrvatska lani koga dojde do vakva slicna sostojba samo po 3 meseci od novata staklena vlada raspisa izbori i dobi stabilna vlada. taka birokrstite od brisel da ne ne pravat maloumni, mnogu nasi obicni ludje imaat povisoka inteligencija od tie dobro plateni cinivnici na soros.
Trpe, 22.04.2017 20:56:46
Predvremeni izbori se najdobar odgovor za post izbornata programa na SDSM-ovcite ako tie mozea da napravat postizborna programa kako prevara na svoite glasaci taka moze da se organiziraat i novi izbori za da si ja zacvrstat nivnata agenda i nema zasto da se plasat bidejki tie tvrdat deka dobile 700 000 iljadi glasovi i ako toa e vistina togas pak ke pobedat!
Најнови вести