период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 31.03.2017, 17:06

В ЛИЦЕ

Kако „За заедничка Македонија“ врши дискриминација

Нели требаше да има крвава сабота по почетокот на протестите за тиранската платформа? И по неа, нормално, требаше да ги снема и Борис Дамовски и Дурловски и оној Богдан? А еве ги и по еден месец тие секој ден во секој поглед с` повеќе напредуваат. Па добро бе, што пари фрливме за овие од Сорос, за шарени, за портали, за телевизии, за весници и пак, три-четворица н` заебаваат и ни носат по десетина илјади луѓе секој ден, а завчера, ете, донеле педесет илјади. Еј, а само последниот пат девет и пол милиони долари им земавме на оние нашите што сега се под диктатура на Трамп за да ги дадеме овде во нешто што не е ни предградие на Њујорк и пак не ја бива. Илјада пара чевли искинавме за Заев да го донесеме до 49 пратеници, нема служба што не ја ангажиравме, од ЦИА, па до таа на Италијанциве, и пак останавме само со тоа дека Заев, Ахмети и неговата компанија ги имаме на копче.

Затоа, време е повторно ние да преминеме во офанзива. На пример, оние од Хелсиншки што ги товиме со години, да ги обвинат Дамовски и другите за дискриминација на луѓето што ги влечат по улици веќе еден месец. Не им дале ниту еден денар, а на нашиве им плаќавме по 500 на ден така што нас сега проблем ни прави една банда (кај го најдоа и оној пејач на опери, не можеа ли некоја Цеца да довлечкаат наместо него, па да ги маваме малку дека се српска турбофолк-збирштина) која своите луѓе ги става во нерамноправна положба во однос на нашите кои кршеа. Нема пари, нема сендвичи, сокови, пиво, по некоја ж’та, нема автобуси, нема шатори, нема Сорос, што е зрело и за народниот правобранител. Оној што сега држи некои прес-конференции за тоа дека имал 4.000 предмети. Kој те праша за тоа? Еден предмет ни треба, еден! Овој дека не им плаќаат на луѓето за да излезат на улица. Тоа никаде го нема. Тоа е дискриминација на тие луѓе. Не може шарените да земаат, а овие да излегуваат без пари. И тука мора да нагазиме. Па ако треба, тоа нека влезе и во извештајот на оној Хан за тоа зошто Македонија не може да добие препорака за почеток на преговорите за влез во ЕУ (а не тука да ми ги обвинувате Грците) и во извештајот на Стејт департментот за човековите права во „оваа земја“. Плус, пази, тие нашите кршеа, палеа, тепаа полицајци, а овие ниту пари земаат ниту кршат, па уште и песни пеат. Билмези. И тоа цел месец во број педесет пати поголем од нашиот. И тоа кога им е лош денот. Е, не може така. Викајте го пак оној Швабата Прибе.

Зашто, ако Македонија ни е пријател за кого ни се кине срцето, ако ни е стратешки партнер, тогаш сите луѓе во таа земја треба да ги третираме еднакво. А не разни цртачи на анимирани филмови, потоа дрдорковци и пејачи да ги рушат темелите врз кои почива секоја демократија - еднаквоста. Не знам само што ќе прават в понеделник со Доналд Туск. На Хан му извадија 250.000 луѓе по улиците и овој мораше да се крие како ..., ај да не кажам што, не е убаво тој збор да излезе од една цивилизирана уста. Па, да не им текне сега да му наредат по еден човек со она грдо знаменце на секои десет или сто метри од аеродромот до Скопје колку да го потсетат за платформата на шок Рама и да го потсетат да не се обиде тој да тера некој притисок врз Иванов. Или да се наредат по улиците каде што тој ќе минува и да му мавтаат со знаменца како што тоа го правеле на времето кога им доаѓал нивниот Тито. Тогаш ќе ни фали само уште Туск да биде седнат во „мерцедесот“ од 600.000 евра и сме наебале. Kако утре ќе правиме пак пропаганда? Затоа, најдобро е Туск да го седнеме во некое „фиќо“. Уште подобро во некоја „пегличка“, тој и онака е од Полска. Па да се види како тоа еден европски демократ од Европа го жртвува својот комодитет за доброто на народот на кого уште не сме му дале име, ама среќа што налетавме на таков интелект како Зијадин Села, па тој ќе го реши тоа. После може и да го земеме кај нас. Ние таков ум немаме. Е, сега, можеби малку згрешивме што го пуштивме толку рано да провоцира за името, ама веќе бидна.

Било како било, време и нашиве што ги плаќаме да направат нешто. Да испровоцираат, да се степаат, не знам што, ама време е за нешто. Оти како тече работата, изгледа ќе ни требаат уште девет и пол милиони за да оправиме с` што градевме три години, а поганиве ајвани како Дамовски ни растурија за 30 дена. Е, сега, проблем е што и нашиве морони што ги плаќаме ги научивме само да јадат, да пијат и ништо да не работат, освен да плукаат. Они тоа го викаат медиуми, ама што да пишеме во извештаите? Kако да оправдавме девет и пол милиони за плукање? Ќути, добро што ги натеравме овие овде самите да даваат по четири милиони за Kатица, инаку кај ќе ни беше крајот ако ни кажеа - вие ја одбирате, вие ја советувате, вие плаќајте си ја!

Е, и после некој ќе ми каже лесно била нашата работа во вакви, што би рекле Србите што ги бомбардиравме и на кои сега секој втор ден Заев им го пуштаме на насловни страници по нивните весници, „вукојебини“.

Дарко ЈАНЕВСКИ

#



Останати вести
Зошто не се залагате за правата на Албанците во Грција?
Што ако се рашират платформите во Европа?
Заев на бината на „За заедничка Македонија“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести