период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 21.03.2017, 01:13

ИГНОРИРААТ 81 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ НА РМ

Хан и тројката ќе се скријат од „За заедничка Македонија“

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројката европратеници, Иво Вајгл, Едвард Kукан и Kнут Флекенштајн, денеска нема да се сретнат со претставниците од граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“. Ова, како што пренесува дописникот на МИА од Брисел, го изјавила портпаролката Маја Kоцијанчич. Според неа, Хан нема да има време да оствари и други состаноци покрај најавените со лидерите на најголемите политички партии.


Kако што е познато, претставниците на „За заедничка Македонија“ инсистираат на средба со Хан по неофицијалните најави дека еврокомесарот во Скопје ќе се обиде да го притисне Иванов да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со тврдењето дека тиранската платформа е само парче хартија кое реално нема да може да се спроведе.

- Kако што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овој пат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе - изјавила Kоцијанчич за МИА.

Со поддршка за граѓанската иницијатива с` помасовно излегуваат граѓани не само во главниот град туку и во речиси 30 македонски града, како и во дијаспората.

„Брисел не смее да ја игнорира оваа маса народ кој бара тиранската платформа да биде отфрлена“, порачаа вчера нејзините членови Игор Дурловски и Борис Дамовски за „Дневник“.

Зошто демонстрациите и нивните пораки не допираат до Брисел и дали Хан ќе одвои од своето време да слушне што имаат да кажат на овие прашања испратени до кабинетот на еврокомесарот, вчера не добивме одговор. Единствено ни беше испратена истата изјава која Kоцијанчич ја дала за дописникот на МИА.

Од асоцијацијата симболично поставија црвено-жолти балони на крстосницата пред влезот на канцеларијата на ЕУ во Скопје порачувајќи дека нема да дозволат нивните барања да останат игнорирани и незабележани. Организаторите за денеска најавуваат пречек на Јоханес Хан со повеќе од сто илјади луѓе на улиците на Скопје. Во неодамнешната анкета на ИПИС 81 отсто од граѓаните се изјасниле против т.н. тиранска платформа.

И додека Брисел премолчено ги следи секојдневните масовни собирања деновиве во земјата, тоа не беше случај за време на протестите на т.н. шарена револуција. Тогаш дури и лично се појавија европратеници за време на протестите да изразат поддршка и да кажат дека ЕУ ги слуша нивните пораки и дека не се сами. На протестот на 17 мај бугарскиот европратеник од редовите на социјалистите, Сергеј Станишев, (кој од самиот почеток на политичката криза за време на бомбите го поддржуваше Заев), имаше и свој говор пред насобраните граѓани.

- Овде сум да го слушнам вашиот глас. Вашата порака е кристално јасна. Сакате мир. Гледам луѓе од разни етнички заедници кои се заедно. Јасно слушнав дека сакате демократија. Сакам да знаете дека вашиот глас се слуша и во ЕУ, никој не може да ве игнорира - рече тогаш Станишев.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Нема време за губење
Иванов нема да се сретне со Хан - терминот го отстапува на „За заедничка Македонија“
Фотографија стара три години ја вметнуваат како да е дел од „За заедничка Македонија“
СДСМ за претседател на Собранието прво ќе го постави Спасовски како Македонец, а понатаму ќе се одбере Албанец
Денешниот протест против Сорос и неговите организации
Пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот
Работиме професионално, морално и согласно законот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Sotir Ilievski, 21.03.2017 02:28:23
Dosta mu go lizite Gazot na E.Ustasite. Smestete si ja drzavata kako vi cini vam i dosta im obrnuvajte paznja. Pak i jas badijala komentiram na pusti komentari od pusti Dnevnik koj nikogas ne gi objavuva. Pusti i vie da ostanite.
praveden, 21.03.2017 02:32:03
Briselskite manipolatori ne gi interesiralo shto barat Makedoncite niv gi interesiralo da se sprovede platformata na Edi Rama. Gospodo diskriminatori ako za vas nee vazen zborot i baranjeto na 200 iljadi Makedonci koj se na ulica sekojdnevno a vistinskata brojka shto ja otfrlat platformata na Edi Rama e 81 procenat shto znachi 1 milion i 600 iljadi Gragani na Republika Makedonija barat otfrlenje na platformata od Tirana koja platforma vie ja podrzuvate Gospodo nie Makedoncite so pravo vas Briselskite Gangsteri ke ve proglasime za Teroristi i neprijateli na Makedonskiot Narod.
консекутива, 21.03.2017 07:48:23
Ако пезевенкот не игнорира нас, ние ќе го игнорираме него!
прашање, 21.03.2017 07:55:36
Сега некој европратеник треба да излезе и на сегашните демонстранти да им се обрати со збровите:„ Овде сум да го слушнам вашиот глас.Вашата порака е кристално јасна.САКАТЕ ВОЈНА.НЕ ГЛЕДАМ луѓе од разни етнички заедници кои се заедно.Јасно слушнав дека НЕ САКАТЕ ДЕМОКРАТИЈА.Сакам да знаете дека вашиот глас се слуша и во ЕУ,НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ВЕ ПОДРЖИ“.
bre lujge, 21.03.2017 07:59:47
koj nas ni e kriv trojca negatori na Makedonija i Makedoncite doajgaat od eu a nie 2000 000 narod na ulica 200 000 narod i dozvoluvame da se dogovorat so politicarite za da ne siluvaat site a nie pak pesni i muzika abe daj da se spremaat nekolku besilki i da bidat gotovi postaveni na kameni most and rekata da vidime sto ke pravat
rade, 21.03.2017 08:56:40
ne mi e jasno sto se bara amin od eu koja e vo odumiranje zosto ne barat politicari od srbija,bugarija koi se protiv velika albanija vo krajna merka ako dojde zaev na vlast neminovno e deka mk ke se raspadne veke slusat vo dolna mk narod veli podobro velika blgarija otkolku velika siptarija.
Destan, 21.03.2017 08:57:31
A koj gi sprecuva evropratenicite i ovoj pat da dojdat da izrazat poddrska, dokolku gi poddrzuvaat stavovite?
Љупчо, 21.03.2017 09:06:40
Овој европски крупие, тоа му е струката, нема да може да се носи со блефови и уцени наспроти морално чист и интелектуално супериорен политичар како што е претседателот Иванов.
Најнови вести