период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 18.05.2017, 12:01

ЈУЖНИОТ СОСЕД ГИ ЗГОЛЕМИ ЦЕНИТЕ ПРЕД СЕЗОНАТА

Хотелите во Грција летово поскапи до 30 отсто, апартманите по иста цена

Летување во Грција за 800 до 1.000 евра за седум дена во хотел со три ѕвезди. Или апартман на сама плажа за 399 евра за седум дена во јуни. Не е грешка, туку огласи со кои секојдневно се среќаваме во медиумите. Најбарана дестинација за летување на Македонците и годинава е соседна Грција. Но, за разлика од лани, аранжманите што се нудат од страна на туристичките агенции се повисоки 10 до 30 отсто. Така ако минатата година за седумдневен аранжман сте платиле 650 евра за четиричлено семејство, годинава мора да го одврзете паричникот и да платите минимум 200 евра повеќе.

Во туристичките агенции велат дека цените се повисоки поради грчките хотелиери и издавачи под закуп на популарните апартмани. Причина поради која се зголемени цените е зголемената побарувачка на аранжмани од страна на руски и германски туристи поради тоа што од нивна страна беа откажани летувањата во Турција. Нашите хотелиери, пак, очекуваат повеќе бугарски и српски туристи, за кои годинава Грција е прескапа.

Најбарана дестинација

Во туристичката агенција „Аурора“ велат дека и оваа сезона Грција и натаму води со оглед на тоа дека со години е дестинација број еден што се однесува до интересот на граѓаните.

- Точно е дека цените на хотелите се повисоки за разлика од минатите години, но имаме сопствен закуп на соби и цените не се разликуваат многу од минатогодишните. Од страна на нашите соработници во Грција добивме информација дека станува збор за поголема побарувачка на кревети од страна на туристи од други држави и затоа цените се повисоки - велат во „Аурора“.

Според тоа што може да се види, кај нив популарниот „ласт минит“ се нуди од 59 евра за три ноќевања, но има и седумдневни аранжмани за 120 евра надвор од сезона.

Во другите агенции цените во јуни се движат од 700 евра нагоре. Така, за хотел со полупансионска услуга, односно појадок и вечера на Халкидики мора да одвоите 800 евра и тоа под услов агенцијата да има сопствен закуп. Во спротивно, цената е повисока за 100 евра. Ако, пак, сакате малку полуксузен одмор, тогаш подгответе минимум 1.000 евра и тоа за сместување само со појадок. За вечера ви требаат од 250 до 300 евра повеќе. Ако сакате поскромен одмор, тогаш ќе платите само спиење.

Цените на апартманите за седум дена се движат од стотина евра за седум дена надвор од сезона. Ако сакате да летувате во јули и август, тогаш подгответе се да платите од 40 евра нагоре за една ноќ.

Охрид очекува српски туристи

Kрсте Блажески, претседател на Здружението на хотелиерите во земјава (ХОТАМ), вели дека за повисоки цени на грчката ривиера предупредиле уште пред два месеца.

- Во март кажавме дека цените годинава ќе бидат за 10 до 30 отсто повисоки. Ова се должи на побарувања од страна на руски и германски туристи кои досега редовно одеа за Турција. Од повисоките цени во Грција и ние очекуваме бенефит. Годинава во Охрид очекуваме повеќе продадени легла на српски туристи. Годинава има многу туристи од Израел, од Полска - вели Блажески.

Според него, Грција не е единствена држава што годинава сезоната ја стартува со повисоки цени. Шпанија ги продава аранжманите по цени повисоки за 15 до 25 отсто за разлика од лани. Ако овде се земат и повисоките цени од 2015 година за 15 отсто може да се види дека веќе и Шпанија станува скапа. Нови цени има и Бугарија. И таму има повисоки цени на аранжманите за 15 отсто. Зголемување на цените најавуваат и во Хрватска за 5 до 10 отсто.

Валентина Ангеловска

#



Останати вести
СДСМ во Собранието ќе поднесе предлог за укинување на екстерното тестирање
Вал Kилмер го победил ракот со духовни методи
Кочан ќе остави гаранција од 875.000 евра во движен и недвижен имот
Али Ахмети: Се надевам дека брзо ќе се договори Влада, преговорите започнуваат утре
Ветувањата на СДСМ за екстерното ги трауматизираа учениците
Антиќ од утре на својот четврти завршен турнир во Евролигата
Светска премиера на „Ептен македонско“ на Симон Трпчески
Субвенционирањето започна, исплатени околу 8 милиони евра за 2015 и 2016-та
Без знаење на сопругата го зел четиригодишниот син и си заминал во странство
Фамилијата на Сет Рич тврди дека тој немал врска со имејловите што ги објави „Викиликс“
Здравко Чолиќ го освои и Нов Зеланд
Шишкарев го продолжи договорот со Вардар
Силјан и Смилевски со нови книги одбележаа 50 години пријателство и соработка
Имаше соработка со Сорос, но на помало ниво отколку што некои сметаат
Ќе се постават тактилни патеки кои ќе предупредуваат на пречки
Излез за деблокирање на општините ќе се бара и во паралелни седници?
(ВИДЕО) Почина Крис Корнел
Штербик: Треба да ги најдеме слабостите на Барса ако ги има
Николиќ: Не ми се напушта Скопје, сакам да играме мајсторка
Одложено судењето против деветмина обвинети за насилство во Собранието
Пијанец ќе произведува еколошки мед
Првпат во Македонската филхармонија - музика од најпопуларните видеоигри во светот
За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5.000 долари
Џеј Зи и Бијонсе и официјално - милијардери
Пелистер освојувач на купот, ја совлада Шкендија во финалето на пенали
Иванов треба да се сретне со Путин при посетата на Москва
Германското МНР до македонските политичари: Во иднина повеќе да нема политички интриги, Македонците тоа не го заслужуваат
Заев: Прво ќе се сретнеме со ДУИ, па БЕСА и на крај со Алијансата
Тиранска платформа постоеше и гаранциите што ги барав се оправдани
Бандерас и Болдвин ќе ги глумат Ламборџини и Ферари
Во Македонија има еден милион профили на „Фејсбук“
Стап­ка­та на нев­ра­бо­те­ност во Бу­га­ри­ја 6,9 от­сто
САД: Првиот чекор за излез од кризата е направен
Лани помалку и бракови и разводи
И Лестер во листата клубови заинтересирани за Алиоски
Скопјанецот од Дебар Маало што со секира отепа куче ќе одговара за мачење животни
Џафери даде исказ пред ЈОРМ за настаните од 27 април во Собранието
МКФ го одбра Џордан Теодор да и помага на македонската репрезентација
Црвените линии на Иванов ја срушија Тиранската платформа
Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев
Почнува 70. јубилејно издание на Канскиот филмски фестивал
Прелетав половина планета за да присуствувам на раѓањето на првото внуче
Гимназијалец од „Корчагин“ претепал врсник
Мезиер предизвика дебата за идентитетот со наслов „Не сме бурка“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести