период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 10.01.2017, 20:50

СТУДОТ ЌЕ ПОПУШТИ, НО ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН

Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег



По поларните температури, кои веќе една недела ја зафатија нашата земја и речиси да нема град со температура во плус, од петок ќе настапи позначителен пораст на температурата и ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималните температури секаде ќе бидат позитивни. Но снегот не се предава - нови врнежи ќе има уште в петок попладне, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.


Неофицијално, од студот веќе има три жртви во земјата, повозрасен маж (68), бездомник, кој беше пронајден починат во Аеродром, втората жртва е 60-годишен струмичанец, кој завчера бил пронајден починат на прагот од својот дом, а вчера студот бил фатален и за 80-годишна жена од пехчевското село Црник. Таа прексионоќа паднала во ходникот од својата куќа, но не го дочекала утрото.

Од УХМР прогнозираат дека денеска во јужните делови од земјата ќе се задржи претежно облачно време со локален слаб снег, а во северните ќе има намалување на облачноста. До утре утринските температури на повеќе места ќе бидат под минус 15 Целзиусови степени, а на места ќе се спуштат и до минус 20 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.

- Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот, кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има в сабота, кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Во источните делови на пониските места врнежите ќе бидат претежно од дожд - прогнозира Ленче Ризова, дежурен  синоптичар од УХМР. 

#



Останати вести
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите
Голема Албанија, голема Србија и голема Хрватска со поделба на Македонија како решение за Балканот
Kоцијанчич: Новата влада да има широка политичка поддршка
Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори
Груевски со поддршка од коалициските партнери

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести