период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 17.02.2017, 14:41

Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан



Геолози востановија дека ноовооткриеното копно што се наоѓа во Тихиот Океан, близу Австралија, може да се нарече континент и го именуваа како Зеландија, јави "Дејли Мејл".

Во научен труд под наслов "Зеландија: Скриениот континент на Земјата", 11 геолози од Нов Зеленд, Нова Каледонија и Австралија тврдат дека копното "ги задоволува сите четири услови да биде наречено континент", иако 94 отсто од внатрешноста на самата површина е под вода.
Доколку ова биде и формално усвоено, ова ќе биде најмалиот континент на Земјината топка, со површина од 4,9 квадратни километри. Се верува и дека тука има големи наоѓалишта на фосилни горива.
Називот Зеландија првпат е употребен од геофизичарот Брус Лајендајк во 1995 година.



#



Останати вести
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести