период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 12.01.2017, 10:35

ПРОГНОЗА НА KАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФРАНЦИЈА

Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години

Еврото може да не постои по 10 години ако Париз и Берлин не успеат да ја засилат единствената монетарна унија, изјави францускиот кандидат за претседател, Емануел Макрон во вторникот додавајќи дека сегашниот систем ја фаворизира Германија за сметка на послабите земји членки.

Макрон беше министер за економија во кабинетот на претседателот Франсоа Оланд додека не поднесе оставка минатата година за да создаде свое политичко движење и да се кандидира како независен кандидат во претседателските избори оваа година, потсетуваат агенциите.

- Вистината е дека треба заедно да признаеме дека еврото е дефектно и не може да продолжи да постои без големи реформи - рече Макрон во говорот во Универзитетот „Хумболт“ во Берлин.

- Тоа не ~ обезбедува на Европа целосен меѓународен суверенитет во однос на доларот по сопствени правила и не ~ даде на Европа природна конвергенција меѓу земјите членки - рече Макрон.

Франција треба да спроведе реформи на пазарот на трудот и да направи промена во образовниот систем за да го заживее растот, а во исто време Германија мора да прифати дека повеќе инвестиции наместо штедење може да го поттикнат растот во еврозоната - изјави центристичкиот политичар.

- Морам да кажам дека функционирањето на еврото е од корист за Германија - изјави Макрон. Тој додаде дека недостигот на доверба меѓу Франција и Германија ги блокира главните реформи што би ја интензивираа солидарноста меѓу 19-те земји членки на еврозоната.

- Еврото е слаба германска марка. Состојбата на статус кво е синоним за укинување на еврото по 10 години - рече Макрон.

Тој предложи формирање буџет на еврозоната за да се финансираат инвестиции ориентираните кон раст и за да се прошири финансиската поддршка за заглавените земји членки.

Тоа, сепак, би било анатема за германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за финансии, Волфганг Шојбле, чија христијанско-демократската партија се соочува со парламентарни избори оваа година и се бори со внатрешен отпор против спасувачките заеми за Грција кои од нејзините од противници ја претворија еврозоната во трансфер-унија.

Макрон даде изјавата откако водачот на германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија претходно за „Ројтерс“ изјави дека еврозоната треба да биде поделена на две со силно јадро околу Германија и послабо јадро околу Франција.

39-годишниот Макрон ужива поголема поддршка во последните анкети, што покажува дека ја зацврсти позицијата на трет човек на претседателските избори и е само на конец да го достигне вториот круг во мај.

Анкета од минатата недела покажува дека кандидатот на конзервативците Франсоа Фијон ја намалил предноста во претседателската трка, а Макрон и лидерот на крајната десница Марин Ле Пен с` повеќе се доближуваат до поранешниот премиер.

#



Останати вести
Харадинај пуштен од притвор со кауција
Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД
Евиденција на црквата во Kочани: Повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
(ВИДЕО) Јакутск на -51 степен, жителите ги исполнуваат секојдневните обврски
Ќе се прават засолништа на уличните животни

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести