период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 20.04.2017, 22:14

СРПСKИОТ МИНИСТЕР АЛЕKСАНДАР ВУЛИН ЗА „ДНЕВНИK“

Голема Албанија значи балканска војна, ако Брисел молчи - ќе биде одговорен за последиците



По албанскиот премиер Еди Рама, вчера и косовскиот претседател Хашим Тачи отворено се закани дека голема Албанија ќе биде реалност ако Брисел не го продолжи интегративниот процес и за Kосово.



- Доколку Европската Унија ја затвори вратата за Kосово, сите Албанци од регионот ќе живеат во една единствена држава за да се продолжи понатаму со интеграцијата во европското семејство - изјави Тачи.

Речиси истото претходно го изјави и Рама порачувајќи му на Брисел дека доколку избледи европската перспектива за Западен Балкан, можно е да дојде до обединување на Kосово и Албанија.

Во меѓувреме од ЕУ нема осуда на заканите од официјално Kосово, како ни претходно во врска со тие од Рама.

Со револт и осуда за пораките од Kосово и Албанија реагира и официјален Белград. Министерот за работа, вработување, боречки и социјални прашања на Србија, Александар Вулин, за „Дневник“ вели дека тоа што Брисел не ги осудува ваквите изјави и не реагира, практично значи оти дозволува да се случи балканска војна, која е единствениот пат за да се реализира проектот за голема Албанија.

- Тоа може да се спроведе само со балканска војна, Брисел тоа мора да го знае оти ако нема намера да го осуди планот на Тирана и Приштина, мора да им стави до знаење дека ваквото однесување ќе се казни. Во спротивно ќе биде одговорен за сите идните случувања - изјави вчера Вулин за „Дневник“.

Во сличен стил е и неговата изјава што ја пренесе „Танјуг“:

„Приштина и Тирана јасно кажаа која е нивната цел, тоа е голема Албанија и обединување на сите Албанци каде и да живеат во еден етнички простор. Тоа може да се постигне само преку голема балканска војна, а тоа мора да му биде јасно на Брисел, кој ако не е барем во состојба да осуди, треба да стави до знаење дека таквото однесување ќе биде казнето“, рекол Вулин.

Во изјавата за „Дневник“ тој додава и очекувано е што Тачи си дозволува да најавува балканска војна кога бриселските реакции по изјавата на Рама се благи, па дури и со доза разбирање.

- Тачи настана како терорист, па не може од него да се очекува да разбере што било друго. Одговорноста повеќе не е ни во Албанија ни во Kосово оти нам ни е јасно дека тие отсекогаш сонуваат за голема Албанија, дека секогаш ќе сонуваат и ќе направат с` за сонот да им се оствари ако не бидат спречени пред воопшто да се обидат - истакнува Вулин во изјавата за нашиот весник.

До Брисел преку српските медиуми порака испрати и новоизбраниот српски претседател Александар Вучиќ, иронично коментирајќи дека кога тој би изјавил оти „сите Срби треба да живеат во една држава, најверојатно ќе биде закачен во Брисел на јарбол, на местото на некое од знамињата што висат таму“. Тој апелира до албанските и косовските политичари да не даваат изјави со кои се провоцираат тензии во регионот.

- Ние ги молиме, повторувам, ги молиме, бидејќи тоа не придонесува за добри односи во регионот, ниту за создавање атмосфера на соработка и за заедничка соработка на важните проекти. Такво нешто, без разлика на нечии желби, нема да биде дозволено - порача Вучиќ.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Изјавите на Рама не се во прилог на добрососедството
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Нема тет-а-тет средби меѓу Заев и Груевски
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
А НЕ, 20.04.2017 22:48:35
Овај пат нема да се извлечат само со фиктивна одговорност, мечката ќе заигра и во нивниот двор.
Ag`r, 20.04.2017 23:42:54
Da se razbereme I razberete, ako za bilo sto se razgovara so Francija,Nemacka,Grcija....i EU isto kako da toa ste mu go kazale na teroristot nato a gazda na nato e SAD. Tava dupka ne de dupka. Za nekoi teroristicka zaednica za nekoi megjunarodna zaednica. IMA sto NEMA? E.a ti partnerite sto sme gi izbrale.
Јован С, 21.04.2017 08:18:55
Ех прашавте ли во Белград како со МИлошевик и Мира марковик работел Македонија да ја биде држава оовој сегашен Министер. Тој ли дојдовте да кажува за Македонија а и што Мкаедонија има со Косово и Србија кога тие борбата ја префрлаат во Македонија.Косово е дражава и Македониај ја има признаено и сега немаме ние таму што да бараме.
Kumanovac, 21.04.2017 09:17:39
Da,po Hasima se javi i pomiluvaniot terorista od Presevo Jonuz Musliu inaku kum na nasite teroristi vo masni i kostumi,i on bara soedinuvanje so Tirana.Epa sega barem imame cista situacija.Ke bide po onaa Srpskata Da se dovatimo pa kom opanci kom obojci!
Најнови вести