период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 11.01.2017, 18:47

Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември

Кире Лазаров во машка и Нике Грот во женска конкуренција се најдобрите европски ракометари за месец декември, објави ЕХФ преку својата официјална веб-страница.

Европската куќа на ракометот избира најдобар ракометар и ракометарка за секој месец во календарската година, a декемвриското признание завршува во рацете на македонскиот десен бек благодарение на извонредното издание на дербито со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Зад капитенот на македонската репрезентација се: голманот на Кјелце, Филип Ивиќ, потоа Јонас Калман од Пик Сегед, Хулен Агинагалде од Кјелце и Алекс Душебајев од Вардар.

Наградата за најдобра европска ракометарка за декември сосема очекувано замина во рацете на Нике Грот, холандската репрезентативка инаку МВП на Европското првенство што минатиот месец се играше во Шведска

#



Останати вести
Фудбалерите останаа на 162. место на ФИФА листата
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата
ЕКА реагира на одлуката на ФИФА: Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Општина Центар префрли пари за исплата на заостанатите долгови кон играчите на КК Работнички

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести