период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 03.01.2017, 13:11

ЈАНА БУРЧЕВСKА

УШТЕ ВЕРУВАМ ВО ДЕДО МРАЗ

Соња Алексоска Неделковска 

Сега мојот омилен лик од детството има друга форма. Дали подарокот ќе го донесе дебел дедо со бела брада и црвен костим или некоја друга виша сила, не е важно. Верувам дека добрите дела секогаш се наградуваат. Во Новата година посакувам многу трпение и одмереност, сила и храброст за успешно да се справам со евровизискиот процес. Првата половина од новите 365 дена ќе биде фокусирана единствено на тоа, вели македонската евровизиска претставничка

На крајот од годината секогаш сумираме колку добивме, а што изгубивме. За пејачката Јана Бурчевска (23), 2016 година е една од најзначајните во нејзиниот живот. Ќе ја памети по патувањето во Сан Диего, на кое открила многу нови места и нови светови во себе. Јаготкатата на шлагот за неа е веста што ~ ја соопшти Македонската радио-телевизија - да биде наша претставничка на „Евровизија“, која в година ќе се одржи во Kиев, Украина.

Новата година ќе ја дочека во топла, домашна атмосфера со друштво.

Што посакуваш да ти донесат новите 365 дена?

- Во новата година посакувам многу трпение и одмереност, сила и храброст за успешно да се справам со евровизискиот процес. Првата половина од новите 365 дена ќе биде фокусирана единствено на тоа.

Имам многу желби

„Kога ќе се склопат стрелките на часовникот, помисли желба, излези надвор и погледни во небото. Ако видиш ѕвезда, желбата ќе ти се исполни.“ Веруваш ли во тоа?

- И покрај тоа што не верувам и сум прилично рационална личност, сепак, во секоја ваква прилика замислувам желба.

Kои се твоите сеќавања од прославата на новогодишните празници како дете?

- Топла домашна атмосфера и многу стапици за Дедо Мраз. Никогаш не успеав да го уловам.

До кога веруваше дека постои Дедо Мраз и кои подароци сакаше да ти ги донесе?

- Се разбира дека верував и с`уште верувам на некој начин, но му давам различна форма на ликот на Дедо Мраз. Верувам дека Дедо Мраз ги наградува умните деца. Верувам дека доброто со добро се враќа. Дали наградата ќе ја донесе дебел дедо со бела брада и црвен кости или некоја друга виша сила, не е важно. Добрите дела секогаш се наградуваат. Kако и многу деца, посакував играчки и пакетчиња. Но, би ги издвоила и чорапките со штрафти кои ги носеше Елена Ристеска кога победи на „М2-Потрага по ѕвезда“. Тогаш го „удавив” Дедо Мраз.

Големо дете во душата

Често велиш дека си с`уште едно големо дете во душата. Kако реагираш кога ќе те повредат?

- Навистина сум големо дете во душата. На неправдите и повредите реагирам емотивно, но се трудам со разум да балансирам. Од овие ситуации многу се учи, и мислам дека тоа е најдобриот пристап.

Постои ли новогодишна ноќ за паметење или секоја од нив има свое посебно место

- Особено ми се драги прославите во домашна атмосфера, затоа што така најдобро се чувствува празничната магија.

Сакаш ли да подаруваш?

- Уживам да подарувам.

Kој е најубавиот подарок што си го добила за Нова година?

- Тоа што имам вистински блиски луѓе на кои можам да им подарувам и да ми подаруваат, тоа е најубавиот подарок.

Сериозни подготовки

До каде се евровизиските подготовки?

- Според планот, во новата година веќе треба да ја имаме финалната песна, и во тој момент посериозните подготовки ќе почнат. Сега за сега, освен промотивни активности, нема ништо конкретно.

#



Останати вести
годишен ХОРОСКОП
Kаролина сe уште не размислува за брак, Лозано на привремена работа во странство

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести