период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 20.03.2017, 16:04

Червар се договори со Металург да остане до крајот на сезоната


Новиот селектор на Хрватска, Лино Червар ќе остане во Металург до крајот на сезоната, таков е исходот од денешните разговори на стратегот со раководството на клубот.

Червар замина од селекторската позиција на македонската ракометна репрезентација, но останува во Металург најмалку до крајот од сезоната.
 
Неизвесно беше дали Червар веднаш ќе го напушти кормилото на Металург или ќе остане до крајот на сезоната. Последните информации велат дека по денешниот состанок со раководството на клубот решено е Хрватот да го води тимот до крајот на првенството.
 
Вардар и оваа година е апсолутен фаворит за трофејот, а Металург ќе се обиде да пружи колку што е множно посилен отпор, дури и да го изненади актуелниот шампион.

#



Останати вести
Швајнштајгер една година во Чикаго
Федерер игра како во најдобрите денови
Милевски: Црна Гора ќе биде последна проверка за новата генерација
Ел класико на 23 април во вечерен термин
Спортинг Лисабон му фрлил око на Ристовски

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Naumce Srbinoski, 21.03.2017 06:46:36
A зошто ви е до крајот на сезоната? Што ке победите? Наместо да одберете солиден тренер за иднина, вие Червар па Червар. Червар кој ни физички ни со умот ке биде во Металург. Мислите дека е магионичар? А Македонија беше најдобра со домашен тренер, некојси Шундоски!!!!
Најнови вести