период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 15.02.2017, 21:23

ПЛАТФОРМА НА ЕДИ РАМА И АЛБАНСKИТЕ ПАРТИИ

Од два милиона евра за тетовската болница, колку се за Албанците, а колку за Македонците?

Ако албанските политички партии инсистираат на постигнувањето економска рамноправност, односно на пропорционална и „рамковна“ распределба на буџетските пари на општините во кои доминантно живеат Албанците, како треба да се третираат инвестициите што ги прави државата, а се наменети за сите граѓани во тие општини? Kако, всушност, ќе се разјасни колку од таквите инвестиции ги користат Албанците, а колку Македонците за да се види дека постои рамноправност во трошењето?


Ваквата дилема се наметна по објавувањето на платформата на албанските политички партии и во која ултимативно се бара и постигнување економска рамноправност и нова државна комисија за финансирање на општините и инвестициите што актуелната влада ги прави во одредени области. Познато е дека Министерството за здравство неодамна објави оти го почна тендерот за набавка на најсовремена опрема и за Болницата во Тетово вредна цели два милиона евра. Набавката е во рамките на големиот циклус на набавки на медицинска опрема за повеќе од 100 јавни здравствени установи во земјава, а за што се предвидува да бидат потрошени вкупно 33 милиони евра.

- Тендерот е вреден околу 2 милиона евра и со него ќе се набават повеќе од 1.200 парчиња медицинска опрема... Kлиничката болница во Тетово е една од најзначајните здравствени установи, која им пружа услуги на повеќе од 200.000 жители, не само за општина Тетово, туку и за околните општини, Теарце, Јегуновце, Боговиње... - објасни министерот за здравство Никола Тодоров.

Се работи, значи, за општините во кои живеат доминантно Албанци, но и припадници на други етнички заедници – Македонци, Турци, Роми... и кои, кога опремата ќе биде инсталирана, ќе можат да ја користат во случај на потреба. Ова, истовремено, е инвестиција што се плаќа од државниот буџет, а чиј начин на трошење веќе со години е предмет на незадоволство и на разни барања од албанските политички партии. Последното барање дојде со изготвувањето на платформата на албанските политички партии, во која е наведено дека се бара „постигнување економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој“. Освен тоа, се бара и создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините. Практично кажано, се бараат повеќе пари од државната каса што би се слеале за општинските проекти, а за кои се заинтересирани албанските политички партии потписници на платформата.

Барањата на овие партии за добивање повеќе пари од државниот буџет за да се отстрани економската нерамноправност на која, наводно, биле изложени Албанците во земјава се стари повеќе години. Нивната суштина е ставот дека и трошењето на државниот буџет треба да е по принципот на застапеноста на одредени етнички заедници во вкупното население во земјава. Односно, една четвртина, околу 25 проценти од буџетските средства, требало да им бидат распределени на општините и за проектите во општините доминантно населени со албанско население. Образложение за ова се бара во фактот дека и Албанците како граѓани на земјава учествуваат во полнењето на државната каса преку плаќање даноци и придонеси, но тоа што е интересно, ниту една албанска партија не бара да се најде начин да се измери со колку проценти учествуваат Албанците во полнењето на буџетот. Што ако учествуваат во полнењето на буџетот со 15 отсто, а бараат од него 25 отсто?

Ваквите барања досега не беа прифаќани од ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека инвестициите не можат да се делат по етничка припадност на граѓаните, бидејќи се користат од сите граѓани во земјава. Не е познато дали ова прашање е содржано во писмениот материјал што СДСМ го достави до ДУИ во рамките на преговорите за формирање влада.

Груевски за косовски „Експрес“: Инвестициите се за доброто на сите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во неодамнешното интервју за косовскиот весник „Експрес“ на прашањето врзано за оваа тема одговори дека во текот на неговиот мандат во северозападниот дел на Македонија, каде што се концентрирани Албанци, се реализирани голем број проекти.

- Ние направивме реконструкции на општите болници со најсовремена опрема, како што беше случај во Гостивар и Тетово, а сега се гради објектот за Итна медицинска помош во Kуманово, нова болница во Kичево, изградбата на автопатот Kичево – Охрид, реконструкција на стариот пат Тетово – Гостивар, што е многу важно за селата, 7 или 8 нови спортски сали во Тетово и во многу други градови, реконструкција на албанскиот театар во Скопје, изградба на театар и библиотека во Тетово, реконструкција на стотици регионални патишта, реконструкција на повеќе училишта во кои сите или повеќето од децата се Албанци и др. Но, она што е уште поважно, е тоа што привлековме компании што изградија фабрики и отворија нови работни места за луѓето во тие региони. Не може да се одвојуваме врз основа на етничката припадност. Ние живееме во една мала земја и с` што може да се инвестира е за доброто на сите. Реконструкцијата на патот Велес – Скопје не е само за Албанците или реконструкцијата на главниот клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје, која беше отворена пред неколку месеци ќе биде само за Македонците. Ние сме премногу мала земја за ваквата поделба да биде вистина. Ниеден Македонец или Албанец нема да каже дека нема никаква врска со патот Kичево – Гостивар, чија изградба се планира за следниот мандат, или со железничката пруга во Скопје – рече Груевски.

Бранко Ѓорѓевски

#



Останати вести
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Бред Блејкмен: Џорџ Сорос контролира надворешни групи за мрачни активности
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
praveden, 15.02.2017 22:28:30
Albancite postavuvat uslovi za da nemozat Makedoncite da gi ispolnat. Albanskata platforma e rachka za meguetnichki sudir. Albancite tvrdat deka se poveke i od 25 procenti no od popisot begat kako Gavol od Krst, zashto se plashat Albancite od popis, zatoa shto se pveke od 25 procenti ili zatoa shto se pomalku od 17 procenti. Albanskata platforma da se odfrli, da se napravi popis, da se prebroime, da se vide dali Albancite gi sleduva toa shto go dobija so laziraniot posleden popis. Havier Solana ne ja dade izjavata za gabe barajki vo popisot da se vodi rachun Albancite da bidat poveke od 20 procenti, Albancite treba da bidat kokli shto gi ima broj ne kolku shto nekoj bara da bidat samo so vistinski popis Albancite ke se skrotat.
Бог, 15.02.2017 23:40:33
Еее неучен неновинар, го претвори Македонскиот народ во етничка заедница. Тенеќе народ, тенеде држава.
исток, 16.02.2017 00:25:56
Целата работа е да ја уништат Македонија преку албанците. Треба јасно и гласно да секаже ова. Доста ќутење демек ќе им дојде умот на албанците. Нема да престанат додека не им се излезе на пат иначе така се нешто ќе се бара и се во поголема провалија ќе навлегуваме.
Zlatko, 16.02.2017 00:26:04
Ne Se Pretrgnuvajte Mnogu za On/Off Partii Tie SI JA Sledat Agenadata na Cadorot i NEMA Otstapki(Kakvi Obicni Albanci Kakvi Bakraci)no Sega Kutrite Sedat Na Dve Stolici Dali Da Prodolzat Po Agendata na PARTAL Cadorot(Bejli)ili Da Cekaat Novi Naredbi od Noviot Cador(Bez Soros) E Toa E Dilemata(nit Bolnica nit Aparati)..?? Od Sekogash Poimotnite Shiptari Si Odele na Drzavnite Kliniki Kade Imaat Predimstvo Zaradi RUSHVETOT vo Devizi/Zlatnici a NE vo Tetovo/Gostivar Oti Ne Veruvaat Vo Kvalitet na Doktorite Shiptari,Sega se Pocesto Mozat da Se Vidat i Po Privatnite Bolnici/Kliniki A Za Od Kosovo Da NE Zboruvame..?? Ete Kolku On/Off Partiite/Privezoci Shiptarski se Za = Ednakvost = a Seta Platforma E SO Edinstvena CEL DA SE Konecno Raznebiti/RASTURI MKD i Nishto Drugo.? Na Poteg Se MKD-Kodoashite/Rasturaci/Imbecili/Otpadot
Трајче Манев, 16.02.2017 04:34:51
Како колку се за македонците. Се е за албанците, ако не е се тогаш сме националисти, фашисти не знаеме како да кохабитираме и што уште не... а да прашам колку болници се изградени за македонците во Албанија или Косово?
Mitko, Bitola, 16.02.2017 09:00:06
Ubavo objasneto, samo imam eden komentar zs koristenjeto na terminite Albanci i albanski partii vo Makedonija, nesto sto e odomakineto kaj nas i cesto se koristi, a e nepravilno bidejki Albanci I albanski partii moze da ima samo vo Albanija. Vo Makedonija ima Makedonci so albansko etnicko poteklo, Makedonski Albanci, makedonski partii na albanskoto etnicko malcinstvo itn. Mozebi e potesko za koristenje, no gi postavuva rabotite na vistinskoto mesto. Ima razlika!
Eksploatiran Makedonec, 16.02.2017 09:59:30
Stop za ekonomskata eksploatacija na Albancite vrz Makedoncite! Makedoncite da se obedinat i stavat kraj na dolgogodishnoto finansiranje na izgradbata na treta albanska drzava vo regionit za smetka na Makedonija! Vreme e za referendum za finansisko razgranicuvanje! Cista smetka, dolga ljubov - rekol mudriot Makedonski narod! Referendum za odvojuvanje na finansiranjeto na malcinskite prava od opshtobugetski sredstva. Kolku malcinskite zaednici ucestvuvale vo sobiranjeto na sredstvata - tolku slobodno neka si zemat i neka od svoi pari si gradat ucilishta, gradinki, pa i Lunapark na albanski jazik! Sami neka si ja finansiraat svojata nacional-shovinisticka kauza! Taka mozebi i crnite pari od svercot na droga, belo robje i organi konecno ke otide vo konstruktivni razvoj i programi, a ne vo oruzje od koe placat i albanskite i makedonskite majki! Makedonija ke im pruza sozivot na site koi sakaat da ziveat vo eden dom, so zaednicki pravila za site. Makedonskiot edinstven drzaven jazik, a si
Абдал Тасо, 16.02.2017 10:25:32
Многу Македонци гласаа за платформашите. За одвоени буџети, за учење албански јазик на стари години, што ниту во турско немало. Многу наши симпатизери на шарењаците гласаа за ново знаме, слаткарска химна, и на крај - зе цепење на државата. Со својот потпис мислеа дека му се одмаздуваат на Грујо и Мијалков, а всушност си ги закопаа своите деца.
Најнови вести